Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Сајкоски: Нашата сила е во заедништвото тоа ќе донесе промени кои ќе значат економски развој

Kрива Паланка ќе има промени. Промените ќе ги донесе новиот градоначалник на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Kрива Паланка ќе има промени. Промените ќе ги донесе новиот градоначалник на Крива Паланка, Оливер Алексовски и советничката листа којашто ќе победи на овие локални избори. Ние ветуваме дека и градоначалникот и советничката листа ќе работат посветено на многу проекти коишто се потребни за овој прекрасен град, порача во изјава за медиумите генералниот секратар на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорѓија Сајкоски.

За градот Крива Паланка се потребни нова инфраструктура, подбрена инфраструктура во сите населени места.

Потребен е економски развој, потребно е подобрување и во образованието и во здравството.

Реклама

Тимот што го предводи новиот градоначалник на Крива Паланка, Оливер Алексовски, има визија, има цел, има добри конекции со централната власт.

Ова ќе помогне за да имаме и економски развој, за да имаме и добра инфраструктура, но и Крива Паланка да го добие сјајот што го заслужува.

Почитувани жители на Крива Паланка,

Обединете се околу нас, обединете се околу кандидатот за градоначалник, околу советничката листа, на таков начин да  донесеме една голема победа, победа која што ќе значи добар развој и ќе значи дека Крива Паланка ќе се придружи кон сите други општини каде што имаме свои градоначалници, но и силна поддршка од централната власт.