Реклама

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Македонија

Андоновски: m.Uslugi – апликација што ја носи Македонија на дланка

На Дигиталниот самит на Западен Балкан, министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На Дигиталниот самит на Западен Балкан, министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, ја претстави новата национална супер апликација m.Uslugi, нарекувајќи ја „револуција на умот и делувањето“. Супер апликација значи дека апликацијата ќе ги содржи сите услуги кои државата ги нуди на граѓаните, со можност за складирање на електронски документи, најкористени услуги, потсетник за истекување на рокови и електронско сандаче.

-Ова е една апликација што ја носи државата на дланка – една апликација за сите важни документи, една апликација за сѐ. m.Uslugi е новата и единствена супер-апликација, едноставна за симнување, прелистување, зачленување и користење, изјави Андоновски.

Апликацијата m.Uslugi овозможува граѓаните да ги имаат своите најважни документи меѓу кои и личната карта, директно на својот мобилен телефон, со целосна безбедност и контрола врз сопствените податоци. Преку ултра безбеден QR код се овозможува споделување информации без ризик, со користење на енкрипција со највисоки безбедносни стандарди.

Реклама
На Дигиталниот самит на Западен Балкан, министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, ја претстави новата национална супер апликација m.Uslugi, нарекувајќи ја „револуција на умот

Во првата фаза, апликацијата нуди две од најкористените јавни услуги, според потребите на граѓаните. Како што истакна министерот, ова е само почеток.

-Секоја нова верзија ќе носи нови услуги и нови изненадувања за вас, додаде Андоновски.

Премиерот Христијан Мицкоски, во своето обраќање на самитот, ја истакна важноста на апликацијата m.Uslugi за иднината на дигиталната трансформација на земјава и додаде дека „е почеток на дигитална револуција што ќе ја промени државата од корен“.

-Со гордост ја претставуваме апликацијата m.Uslugi. Таа е симбол на новата ера – сите документи во еден дигитален паричник, безбедна размена на податоци, потсетник за рокови и обврски, целосна транспарентност и доверба, рече Мицкоски и упати посебна благодарност до министерот Андоновски и неговиот тим за, како што рече, „жестоката и напорна работа“ во реализацијата на оваа иницијатива.

Со оваа апликација, Македонија прави крупен чекор кон дигитална трансформација, обезбедувајќи модерен, ефикасен и безбеден пристап до јавните услуги за секој граѓанин.

Како што информираат од Министерството за дигитална трансформација, апликацијата е во тест фаза наменета за тестирање со реални податоци. Секој заинтересиран тестер, корисник, програмер може да ја симне на начин опишан во прикачениот документ со QR код и инструкции за инсталирање на апликацијата. По добивањето на мислења од корисниците, финалната прва верзија од апликацијата ќе биде достапна до крајот на годината. Затоа, ги повикуваме сите заинтересирани ентузијасти да ја симнат, тестираат и дадат коментар за супер апликацијата м.Услуги.