Реклама

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Македонија

Ѓорѓиевски на средби со граѓани во Сарај: Монтажен паркинг кај туристичкиот локалитет Матка, осветлување, реконструкција на главната улица

Сарај ќе добие монтажен паркинг кај туристичкиот локалитет Матка, осветлување, реконструкција на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Сарај ќе добие монтажен паркинг кај туристичкиот локалитет Матка, осветлување, реконструкција на главната улица и уште многу други проекти, најави денеска кандидатот за градоначалник на Скопје на ВМРО-ДПМНЕ Орце Ѓорѓиевски. 

– Денес сум помеѓу мојот народ во едно од најубавите места не само во Скопје и Македонија, туку и во целиот свет, Сарај и Матка. Оваа општина нема повеќе да биде заборавена. Ќе ги вложиме сите сили за нејзино целосно заживување и развој, напиша Ѓорѓиевски на Фејсбук.

Со изградбата на монтажен паркинг кај туристичкиот локалитет Матка, потенцираше тој, ќе овозможиме подобра пристапност и уредено паркирање за домашните и странските посетители.

Реклама

-Така го намалуваме хаосот и притисокот врз природната средина, овозможуваме контролирано управување со туристичкиот прилив и создавање на услови за одржлив развој на туризмот во еден од највредните природни бисери на Скопје. Во мојата програма предвидено е и целосно реконструирање на главната улица, со што ќе се обезбеди побезбеден, поквалитетен и современ сообраќај. Ќе ја направиме улицата побезбедна и за пешаците и за возилата, со нови тротоари, сигнализација и осветлување, затоа што Сарај заслужува модерна инфраструктура, каква што имаат сите развиени општини. Во план е и изградба на канализациона мрежа во Долна Матка, проект кој е од суштинско значење за здравјето на жителите и за заштита на реката и природната околина. Посебно внимание посветуваме и на осветлувањето на Горна Матка, проект кој директно ќе ја зголеми безбедноста, пристапноста и квалитетот на живот и за жителите и за туристите, посочи Ѓорѓиевски.

Во рамки на неговата посета тој остварил средба и со риболовните друштва од Скопје.

-Тие се вистински чувари на реките, луѓе кои со љубов и посветеност се грижат за природата и спортот.
На реката се одржуваат бројни натпревари, а токму нивната поддршка и искуство се непроценливи во развојот на риболовниот туризам и заштитата на нашите води. Затоа, заштитата и темелното чистење на речното корито ќе биде еден од моите приоритети. Заедно со народот и со силна визија, Сарај ќе прерасне во гордост на Скопје, а Матка ќе стане пример за одржлив туризам и вистинско место за уживање и живот, наведе Ѓорѓиевски.