Пожарникарот Александар Горгиевски од Штип доби нова професионална противпожарна опрема, донација од градоначалникот на Штип, Иван Јорданов. Старата опрема на Горгиевски била целосно оштетена во неодамнешниот пожар во Винчини.
Горгиевски на својот Фејсбук профил напиша дека станува збор за најсовремена и нова генерација заштитна опрема, која ќе му овозможи безбедност при гаснење на различни типови пожари.
„Нека ми потенцира некој кој градоначалник од свои лични средства е донирал за пожарникар било што во Македонија – го имаме првиот, тоа е Иван Јорданов. Респект. Подај рака, спаси живот“, напиша Горгиевски.

Со оваа донација, тој упати благодарност и порака за поголема поддршка на пожарникарите кои секојдневно се соочуваат со ризици за спас на човечки животи.

Објавата може да ја погледнете на следниот линк:
