Реклама

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Прилози

За чаирчани битката не е национализмот на Ахмети: Бараат решенија за проблемите кои ги тиштат со години

Чаирчани не ги интересира високата политика, националистичките и воинствени пораки, не ги…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Чаирчани не ги интересира високата политика, националистичките и воинствени пораки, не ги интересира она што го добиваат во предизборието, пред се од страна на ДУИ и партискиот лидер Али Ахмети. Она што очекуваат е решавање на секојдневните проблеми, почиста општина, да ги снема дивоградбите, асфалтирани улици, пешачки премини со цел поголема безбедност, пред се за најмладите. Пред камерата на Алфа, чаирчани бараат тоа да бидат темите со кои аспирантите за градоначлничкото место, ќе ја бараат нивната поддршка.

-Главниот проблем корупција, мито, дивоградби, нечистотија.

-Види не можеш да поминеш на премин, нема пешачки, нема линии, нема ништо, боја не ставиле ни ништо, тоа треба да се прави, не можеш да поминеш на тоа.

Реклама

-Се, инфраструктура, еве пешачки премин види дали има некаде, има ли бели линии, тоа ти докажува, ништо нема баш ништо нема.

-Проблеми има многу, во ѓубре сме заонадени, така е нема што, се гледа колку можеме да онадиме. Прљаво многу е, загадено, не се дише.

Се надеваат на подобра иднина, но не се задоволни од начинот на кој се води кампањата во досегашниот период. Според нив не треба да бидеме сведоци пред локални избори реториката да се води на нациолистичка основа. Дел веруваат дека ќе биде подобро во иднина, дел пак сметаат дека такво нема да се случи.

-Ако знаеме во која состојба, ако состојбата е лоша, кои се нагоре чекорите кои треба да ги прајме, колку треба да бидеме чесни да не примаме мито корупција и тие работи.

-Тешко, тешко, како и секогаш.

Чаир е можеби и најинтересната општина кај албанскиот политички блок, таму се борат вицепремиерот и министер за животна средина Изет Меџити од Вреди и поранешниот министер за надворешни работи и партиски потпретседател на ДУИ Бујар Османи.

Матеја Петровски