Реклама

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Македонија

Мицкоски: Ќе го решиме проблемот со јавниот превоз во градот Скопје, БРТ кој ќе функционира

Убеден сум дека заедно со идниот градоначалник Орце Ѓорѓиевски сето она кое…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Убеден сум дека заедно со идниот градоначалник Орце Ѓорѓиевски сето она кое што беше пропуштено изминатите 4, па и пошироко 8 години ќе го надоместиме и ќе направиме навистина Скопје да биде градот убав, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Претседателот Мицкоски истакна дека кандидатот за градоначалник на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски е докажан, односно како што рече тој е вреден и амбициозен, докажал дека ги решава проблемите, а не бега од нив.

За разлика од Арсовска, Орце е човек кој што го познавам од најмладите години, уште како член на УМС, тој израсна во навистина еден човек на кој што можеме да се потпреме, да му веруваме, амбициозен. Човек кој нуди решенија за проблемите и човек кој што ги решава проблемите, не ги заобиколува, не бега, вреден, чесен и тоа го покажа како градоначалник на Општина Кисела Вода. И јас сум убеден дека со својот пристап уште во првите минути од моментот кога ќе ја преземе позицијата градоначалник на Град Скопје ќе покаже разлика, а заедно ќе направиме историска разлика споредено со сето она искуство кое што го имаме од минатото, посочи Мицкоски и ги повика скопјани да ја дадат довербата за Ѓорѓиевски уште во првиот круг се со цел веднаш да се зафати со работа.

Реклама

Па јас се надевам и врз основа на нашите анализи дека многу сме блиску на завршување на работата уште во првиот круг. Јас би ги повикал скопјани уште во првиот круг да ја дадат довербата на Орце Ѓорѓиевски побрзо да можеме да се зафатиме со работа, да ги засукаме ракавите и да го расчистиме сето она кое што ќе го затекнеме, порача Мицкоски.

Во однос на проблемите со јавниот превоз Мицкоски нагласи дека не се откажува од  брзиот транспортен систем или познат како БРТ, но дека истиот ќе треба да се модифицира.

Имаме еден проект од минатото за брзиот транспортен систем или познат како БРТ, од тој не се откажуваме, но ќе биде истиот модифициран, затоа што таков каков што е предвиден, на таа траса која што треба источниот со западниот дел на градот да го поврзи и да заврши со Ѓорче Петров, цениме дека треба да продолжи најмалку до Сарај, да се изнајде техничко решение. Истовремено да се  развива и  другата линија север – југ која што треба да го поврзе практично Бутел со Кисела Вода и тој дел на градот до Драчево. Така што од тоа, апсолутно не се откажуваме, треба со европските финансиски институции да ги обновиме разговорите, дали се уште стои тој заем, дали можеме да го модифицираме заеднички техничкото решение, да не уништуваме зеленило. Мислам дека во неколку месеци можеме тоа да го операционализираме доколку постои расположение од другата страна и веднаш да тргнеме со допроектирање, очекувам реално 2026, 2027 да почнат теренските активности, вели тој.