Реклама

Мицкоски по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Доста е од билатерализација, да зборуваме за заслуги, се бориме за нашите аргументи

Општествена одговорност на дело, нов спортски терен од „Видеолотарија на Македонија“ за младите во Куклиш

Очајничка потрага по „бугарски жртви“ – нов пораз на обидите за монтажи на Бугарите

Самит ЕУ- Западен Балкан: Македонија е најдобра, испорачува реформи, на ред е Брисел

Сите повици и тимови на едно место-Скопје добива Центар за итна медицинска помош

Стоп за насилството врз жените, се бараат 7 милиони евра годишно и построги законски мерки за насилниците

Прв форум за енергетска дипломатија во Скопје, Македонија на пат кон енергетска независнот

Владата изгуби трпение – за 24 часа најде решение за проблемот со кравите во Крива Паланка

Мегафоните подготвени, слоганот напишан, грантот добиен: Невладиниот сектор го киднапира јавниот простор

Едносменската настава ги дава првичните резултати – поодморени деца, помала потрошувачка на струја во училиштата

Секој втор возрасен пуши, цигарите подостапни иако расте нивната цена

Тази дупка, не е дупка: Лидерот на СДСМ како да паѓа во очај- Венко Филипче индиректно бара од ЕУ да го донесе на власт

Македонија

Мицкоски: СДСМ се докажаа дека се грижат за сопствениот џеб и личниот дом, но никој не верува дека СДСМ се грижат за заедничкиот дом

Зависи за чии дом и што подразбираат под дом. Ако домот е…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Зависи за чии дом и што подразбираат под дом. Ако домот е нивниот личен дом или нивниот личен џеб, тогаш СДСМ се докажаа во минатото дека тоа им е приоритет, бидејќи многу малку ги интересираат домовите на останатите граѓани во оваа држава или џебовите на останатите граѓани, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, коментирајќи го слоганот на опозициската СДСМ.

Претседателот Мицкоски посочи дека доколку во поширока смисла се анализира зборот домот, а тоа е татковината Македонија, тогаш апсолутно мислам дека им е промашено, односно како што рече тој никој денеска не верува дека СДСМ има било каков однос кон државноста, кон идентитетските прашања и кон татковината.

Така што ако е нивниот личен џеб, нивниот дом, тогаш тие навистина добро се погрижија и навистина добро се бореа во минатото. Но, доколку во поширока смисла го анализираме домот, а тоа е татковината Македонија, тогаш апсолутно мислам дека им е промашено. Никој денеска не верува дека СДСМ има било каков однос кон државноста, кон идентитетските прашања и кон татковината, дециден е Мицкоски.