Реклама

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Владата на Мицкоски со резултати кои го надминуваат 7-годишниот мандат на СДСМ и ДУИ

Нова гасна артерија: Македонија и Србија се поврзуваат со нов гасовод

Поевтин училишен прибор – се пазари со попуст од 15 отсто

Делчево под засилен надзор по серијата пожари – видеокамери и дронови на критичните места

Западнонилската треска се шири во регионот, Грција регистрира 232 случаи

Пет пожари и натаму активни, најкритично е кај Копаница

Македонија

Средба на министерот Тошковски со амбасадорот на Кралството Шведска, Ола Солстром

Министерот за внатрешни работи денеска имаше средба со новоакредитираниот амбасадор на Кралството…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за внатрешни работи денеска имаше средба со новоакредитираниот амбасадор на Кралството Шведска во Македонија, Ола Солстром.

На средбата беше потврдено традиционалното пријателство и долгогодишната успешна соработка меѓу двете земји, заснована на доверба и партнерство. Министерот изрази благодарност за континуираната поддршка што Владата на Кралството Шведска ја обезбедува – како во процесот на зајакнување на капацитетите на македонската полиција преку шведската полиција, така и во насока на европските интеграции на државата, соопшти МВР.

Амбасадорот Солстром ја поздрави посветеноста на Владата и Министерството за внатрешни работи во борбата против криминалот и корупцијата и се заблагодари за придонесот на МВР во одржувањето на мирот, стабилноста и безбедноста во државата.

Реклама

На средбата беше нагласено и значењето на заедничкиот проект „Шведска поддршка за полициските реформи“, кој се реализира со финансиска поддршка на Шведската меѓународна агенција за развојна соработка (SIDA) во времетраење од три години, како уште еден јасен показател за успешното партнерство меѓу двете земји, се вели во соопштението од МВР.