Реклама

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Македонија

Мицкоски: На изборите има само две опции – ВМРО-ДПМНЕ која нуди развој и СДСМ, ДУИ и Левица кои испраќаат невистинити и неточни пораки

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска изјави дека очекува мирна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска изјави дека очекува мирна кампања за Локалните избори 2025 и дека на овие избори има две опции и тоа коалицијата што ја предводи неговата партија и коалицијата на СДСМ, ДУИ и Левица.  

– Она што го нудиме ние во нашите пораки во кампањата ќе бидат проекти, визија како гледаме да ја развиваме Македонија, рече Мицкоски.

Опозициските СДСМ, ДУИ и Левица, рече тој, ќе продолжат да испраќаат збунувачки, невистинити и неточни информации, а некои испраќаат пораки кои можеби би биле добри за 19-от век. 

Реклама

– Очекувам мирна кампања. Очекувам кампања во која што опозицијата ќе измислува, ќе испраќа пораки кои се збунувачки и невистинити и неточни. Еве денеска да речеме повторно медиумите и во Македонија и во оние статистики во Европа-Евростат ја демантираат опозицијата која што велеше дека не растеле платите, еве тие велат дека шеста е во Европа во конкуренција на земјите од ЕУ и на земјите кои се кандидати за членство во ЕУ изминатата година, јули месец минатата година споредено со јули месец оваа година. Сите пораки се темелат на лаги, конструкции, подметнувања, тоа е тоа. И оној дел од опозицијата уште живее во деведесетите години од минатиот век. Пред три, четири, пет децении. Пораки кои можеби би биле добри за крајот на 19-от, почетокот на 20-от век, изјави Мицкоски.  

Како што нагласи, граѓаните на овие избори имаат две опции. Трета опција, вели Мицкоски, нема и не постои и секој оној кој мисли дека со седење дома, со апстинирање ќе казни некого, или, пак, ќе покаже пркос или ќе испрати некаква порака се лаже. Тогаш тој, според него, директно гласа за Венко Филипче, за Али Ахмети и за Димитар Апасиев. 

– Една опција е коалицијата СДСМ, ДУИ и Левица, коалицијата Венко Филипче-Али Ахмети Димитар Апасиев, па и да кажев Димитар Заев немаше многу да згрешам бидејќи гуруто во позадина е тој на оваа коалиција и тој е патот кој седум години го гледавме. Пат на криминал, корупција, национални понижувања, неработа, неиспорака. И следната опција е ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Тоа е она кое што ние заедно со поддршката која што ја имаме од граѓаните еве изминативе 15-16-ти месец го работиме. И доколку се задоволни од тоа што ние го работиме ги повикувам на сопствена волја да излезат и на изборите на 19 октомври да го дадат својот глас за онаа опција за која што сметаат дека е подобра, рече премиерот Мицкоски кој беше во посета на Градско.