Реклама

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Македонија

Николоски: Проблемот со радарот го решивме за три дена, седум години никој не водел сметка за резервни делови

Проблем со радарот стар 27 години го решивме за само три дена.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Проблем со радарот стар 27 години го решивме за само три дена. Седум години никој не водел сметка за резервни делови бидејќи уште пред седум години престанале да ги произведуваат. Се соочивме со проблем, но благодарение на професионалците успеавме во рок од три дена да го решиме и да го ставиме во функција, вели заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски.

Тој нагласи дека со одлука на Влада ќе биде задолжен М-НАВ да почне да работи и во период од неколку месеци целосно да го стави во функција новиот радар.

-Со одлука на Владата ќе го задолжиме М-НАВ да почне да работи и очекувам во еден период од неколку месеци целосно да го стави во функција новиот радар. Постојат стандардни тестови, но М-НАВ ќе работи во рамки на потребното време целосно да го стави во функција новиот радар. Во овој момент имаме целосно во функција три радари, еден за охридскиот аеродром, два на скопскиот така да имаме целосна безбедност. Точно е дека се соочивме со проблем минатата недела кога откажа еден од радарите на скопскиот аеродром. Она што го откривме минатата недела е дека тој радар седум години работел на еден канал. Истиот е стар 27 годнин, пред седум години престанале да се прават резервни делови и седум години не се обезбедувале делови што беше и дополнителен проблем. Успеавме проблем кој што се ставал под тепих 27 години да го решеиме за три дена, изјави Николоски.