Реклама
Македонија

Филипче: Кандидатите на СДСМ се чесни луѓе, стојам позади секој од нив

СДСМ има чесни угледни и посветени кандидати за градоначалници, кои ќе го…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСМ има чесни угледни и посветени кандидати за градоначалници, кои ќе го дадат својот максимум во интерес на граѓаните – уверува претседателот на партијата Венко Филипче. Тој тврди дека стои зад секој кандидат на социјал-демократите, сите изборни програми кои ги нудат според него се реални и остварливи кои се подготвувале заедно со граѓаните, со стручни лица и експерти во различни области.

„Имаме добри кандидати, имаме навистина луѓе коишто се признати во своите средини, коишто имаат легитимитет и кредибилитет да излезат да побараат поддршка од граѓаните, луѓе коишто имаат капацитет да ги спроведат тие програми“, рече Филипче.

Петседателот на СДСМ не одговори дали ќе поднесе оставка од партиската функција доколку се остварат резултатите од анкетите кои покажуваат убедливо водство на ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери на локалните избори.  Мерењата на јавното мислење според него не ја отсликуваат реалноста.

Реклама

Од опозициската партија најавија дека ќе водат позитивна кампања на престојните избори. И повикаа останатите политички партии да се приклучат на фер и достоинствен пристап, каде во центарот на вниманието ќе биде граѓанинот и неговите реални потреби.