Рејтинзите на политичките партии и нивните лидери покажуваат дека веќе подолго време ВМРО-ДПМНЕ и нивниот лидер Христијан Мицкоски имаат најголема доверба кај граѓаните.. Владејачката партија има повеќе од двојно поголем рејтинг во однос на СДСМ на помалку од еден мeсец пред локалните избори – покажува анкетата на “Маркет вижн” спроведена за потребите на Мкд.мк. 43,4 отсто од испитаниците немаат никаква дилема дека во нивната општина ќе победи коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ, а само 16,8 отсто од нив веруваат во победата на опозицијата.
На прашањето во кој лидер на политичка партија имате најголема доверба, 25,3 отсто од испитаниците одговориле позитивно за Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ. Лидерот на ДУИ, Али Ахмети е на второ место со 6,3 осто доверба, а на трето место е претседателот на СДСМ, Венко Филипле со 4,8 отсто . Интересно е и тоа дека вкупниот резултат на сите претседатели на македонските политички партии е помал од бројката за довербата што ја има лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Ова истражување покажа висок процент на можна излезност за претстојните локални избори Од 1.200 испитаници дури две третини (64,4 отсто) би излегле на гласање, а 23,1 отсто се уште не одлучиле. 12,6 отсто изјавиле дека нема да излезат.

На прашањето за која политичка партија ќе гласаат, најголем процент одговориле дека гласот ќе го дадат за ВМРО-ДПМНЕ.
„22,9% од испитаниците се изјасниле за ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ добил 5,9% поддршка, ДУИ 6,0%, Алијанса за Албанците (Зијадин Села) 0,7%, Алијанса за Албанците (Арбен Таравари) 1,2%, Левица 3,3%, ЗНАМ 1,8%, ВЛЕН – Алтернатива 1,4%, ВЛЕН – Демократско движење 1,6%, ВЛЕН – БЕСА 1,6%.
Граѓаните биле анкетирани и за случувањата во СДСМ. Според мнозинството во опозициската партија се уште работите ги контролира екс лидерот Зоран Заев, кој е близок со актуелниот претседател на оваа партија, венко Филипче.
Анкетирањето било спроведено телефонски од 9 до 21 септември на примерок од 1.200 испитаници.
