Вријат социјалните мрежи, со повик до сите,стружани се мобилизираат организирајќи протест за чист воздух.Со месеци дишат отров,се гушат во чад и неподнослива миризба.Ги труе дива депонија сред град,лоцирана на самото крајбржје,на потегот од Струга до Калишта.
Нашите деца секој ден одат на училиште во град којшто личи на печка, а ние возрасните, молчиме и трпиме како да ни е судбина. Децата не бараат многу, само чист воздух, право да растат здрави и среќни. А ние возрасните должни сме да се дигнеме и да им го обезбедиме тоа! Само единството може да нѐ спаси од оваа пропаст! Да се обединиме и да излеземе гласно, затоа што воздухот не познава партии, поделби и граници. Воздухот е за сите, или ќе го зачуваме, или сите заедно ќе исчезнеме-стои во повикот кој повикот кој осамна на социјалните мрежи.
Најголем виновник сме ние граѓаните кои што ја губиме шансата една на четири години што ни се дава да ги казниме овие девијантни појави кои што во континуитет ни се случуваат од 2006-та година па до денес. Денеска стружани веќе вообичаено повторно се разбудија чувствувајќи тешка миризба,тешко дишење,малаксаност и замор.Поготово ние хронично болните го чувствуваме многу тоа.Тоа е резултат на веќе месец дeна опожарената дива депонија-вели граѓанскиот активист Васко Јолески.

Пријавено е до надлежните институции и општински инспекторати но никој не превзема ништо.Некој намерно го потпалува ѓубрето кое не му пречи само на Рамиз Мерко,велат стружани.
Со цел да се превземат мерки за идентификација на потенцијалните извори на загадување,граѓанските активисти поднесоа и писмена пријава до Општина Струга но и до Државниот инспекторат за животна средина.
Државниот инспекторат за животна средина нема добиено барање за некакво загадување од општина Струга или од некое лице. Согласно закон,градоначалниците треба да ги преземат сите неопходни мерки за затворање на постоечките нестандардни локации согласно Планот за управување 2021 – 2031, каква што е локацијата во Струга.Во рок од три години од денот на влегувањето во сила на овој закон се должни да ги затворат и рекултивираат постоечките нестандардни, велат од Државниот инспекторат.
Од ресорното министерство укажуваат дека општина Струга може да воспостави локална мрежа за мерење и следење на загадувањето на амбиентниот воздух на нивната територија.
