Откако заврши проверката за исполнетост на условите и завршува процесот на отстранување на евентуални неправилности или пропусти во кандидатските листи, општинските изборни комисии ги доставуваат потврдените листи до Државната изборна комисија за утврдување на редоследот во единствената листа на кандидати.
Рокот за потврдување на листата истече вчера, односно на 20 септември. За Скопје се пристигнати 17 кандидатури за градоначалници, од кои еден задоцнил со доставата на документи до ДИК, па неговата кандидатура нема да биде прифатена.
