Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување на соработката

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Македонија

Кривичен им одреди притвор на осомничените за пожарот во Трубарево

Скопскиот кривичен суд донесе мерки притвор за осомничените во случајот со големиот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Скопскиот кривичен суд донесе мерки притвор за осомничените во случајот со големиот пожар во објектот за електронски отпад во Трубарево.

На првоосомничениот, кој иако формално не бил управител на фирмата, реално го организирал целото работење, му е одреден 30-дневен притвор. Неговата ќерка, која е формално запишана како управител, заедно со уште двајца осомничени добија мерка куќен притвор.

Обвинителството ги товари за кривично дело „загрозување на животната средина и природата со отпад“. Според обвинението, првоосомничениот и ќерката се третираат како соизвршители, додека третото лице – раководител на подружница – постапувал по негови насоки и им ги распоредувал задачите на вработените. Четвртиот осомничен, иако формално не бил вработен во фирмата, преземал дејствија за организирање на одлагањето на отпадот.

Реклама

Од Обвинителството најавуваат дека истрагата продолжува и за евентуална одговорност на други лица.