Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Во македонскиот КИЦ во Белград ќе се одржи празничен концерт и ликовна изложба по повод Денот на независноста

Во македонскиот КИЦ во Белград по повод 8 Септември, Денот на независноста,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во македонскиот КИЦ во Белград по повод 8 Септември, Денот на независноста, ќе биде организиран свечен празничен концерт со  еминентни македонски музички уметници и ликовна изложба со десетина современи македонски ликовни уметници. 

Во 19 часот,денеска ќе настапи Скопскиот дувачки квинтет во состав: Марија Јакимовска, флејта; Васил Атанасов, обоа; Ристо Ѓоревски, кларинет; Орце Ицковски, фагот и Александар Гошев, хорна.

На празничната музичка програма ќе бидат исполнети дела од Хајдн (Дивертименто), Фаркаш (Унгарски танци), Бизе (Кармен) и грст македонски композиции и обработки од Бранѓолица (Три пиеси), Прокопиев (Суита, Лабин и Дојрана), Агостини (Суита Македонија), Смокварски (Тешкото).

Реклама

Скопскиот дувачки квинтет е познат македонски музички состав кој постои повеќе од четири децении, бележи забележителни настапи на бројни познати музички сцени, а за својата работа членовите на квинтетот се наградувани со врвни државни музички награди и и бројни општински признанија.

На 10 септември, во 19 часот, во просториите на КИЦ Белград, во рамките на одбележувањето на Денот на независноста, во соработка со Националната галерија на Македонија ќе биде отворена и репрезентативна групна изложба од десетина познати современи ликовни уметници, под наслов “Простори на коњункција”.