Реклама

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Детското насилство сè побрутално – тепачки, ножеви и понижувања пред камери

Инвестициите во инфраструктурата ја менуваат транспортната позиција на Македонија

„Сејф сити“ ги намали несреќите – камерите го сменија однесувањето на возачите

ДУИ со блокада против државата – Собранието стана арена за партиска пресметка

МАКЕДОНЦИ НЕ БИДЕТЕ „НЕВИДЛИВИ“: Почнува пописот во Австралија, шанса која Македонците не смеат да ја пропуштат

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

Прилози

Со проект финасиран од МОН, во борба против сајбер-насилството, односно булингот во училиштата

Преку научно-истражувачки методи применети во емпириско истражување да се даде објаснување на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Преку научно-истражувачки методи применети во емпириско истражување да се даде објаснување на сајбер-насилството меѓу учениците, нивните перцепции и препознавање за да се дадат препораки што се применливи во различни образовни системи.

Ова е целта на проектот на Правниот факултет во Кичево, а финансиран од МОН, под наслов „Употреба на дигитални платформи и распространетоста на сајбер-насилството во училишната средина“.

Се’ позагрижувачкиот замав кој го зема овој современ вид на насилство меѓу учениците, итно бара и нова методологија за успешно справување со него, сметаат универзитетските професори кои се вклучени во овој проект.

Реклама

„Идејата ја добивме со тоа што претходно со тимот имаме работено на слично истражување на територијата на општина Битола, меѓутоа тоа беше генерално за сите видови на булинг меѓу учениците. Зошто дигиталните платформи? Затоа што учениците, голем дел од своето време го минуваат на социјалните мрежи и сметаат дека честопати нивните активности таму се наивни и не предизвикуваат штета. Дури и голем дел од нив не ги препознаваат одредените облици на сајбер-насилство“, – посочува проф. д-р Ангелина Станојоска, раководителка на проектот и продекан за наука и меѓународна соработка при УКЛО – Битола.

Со овој проект ќе бидат опфатени сите осум плански региони во земјава, односно 32-те основни и средни училишта, со минимален примерок од 1.600 ученици со целосна полова структура. Врз основа на резултатите, покрај научно-истражувачки Извештај и брошура и трудови, треба да произлезе и Методологија за едукативни сесии коишто ќе се одржат во минимум осум училишта кадешто резултатите ќе покажат дека најчесто се случуваат одредени облици на сајбер-насилство.

„На крај ќе излеземе со неколку научни трудови коишто ќе бидат објавени во референтни списанија и, на тој начин да придонесеме и во делот на збогатување на научната литература којашто би го покривала сајбер-насилството и третманот од страна на дигиталните платформи, но и да ја развиеме свеста за сајбер насилството во училишната средина, односно да препознаеме дали воопшто постои таквата свест“, – вели проф. д-р Светлана Вељановска, декан на Правниот факултет при УКЛО.

Инаку, сите активности што досега се правени од други институции, повеќе се насочени само кон давање на информации, или пак кон едукација, но без научно-истражувачка позадина. Оттука е и реалната потреба да се реализира вакво сеопфатно истражување, уверуваат универзитетските професори.