Реклама

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Прилози

🎥 Мицкоски: Секој добронамерен и конструктивен предлог, за решавање на проблемот со Бугарија – е добредојден

Оваа Влада прави се за да ги исправи грешките на СДСМ и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Оваа Влада прави се за да ги исправи грешките на СДСМ и ДУИ, не се откажуваме до Европската Унија, но ниту од македонскиот идентитет. Патот кон Брисел не смее да биде уценуван од Софија. Премиерот Христијан Мицкоски вели Македонија е отворен за сите идеи кои би го откочиле процесот, но додава и дека засега нема конкретен предлог со кој историско – идентитетските прашања би се тргнале од преговарачката рамка.

„За сега нема таква дебата…. Ние имаме јасен став околу евроинтеграциите…. Свесни сме за реалноста и за предавничката и губитничка политика на СДСМ и ДУИ. Она што може да се исправи, ќе го исправиме. Се бориме да го добиеме тоа што ни е заслужено – почеток на преговори и членство во ЕУ”, рече Мицкоски.

Ова доаѓа откако заменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија Зоран Димитровски откри дека европските центри вршеле притисок врз Софија да гарантира дека нема да поставува билатерални условувања. Германија, според него, ја презела обврската да предложи механизам кој би го одблокирал процесот.

Реклама

Едно од можните решенија, спроед него, е доколку за време на преговорите се отвори билатерално прашање од овој тип, тоа да се упати на арбитражно тело кое би одлучило дали станува евентуалната блокада е дел од копенхашките критериуми или не.

Секој предлог што е конструктивен во таа насока, а притоа да не се загрозат нашите идентитетски и суштински карактеристики…… подготвени сме да го разгледаме и да разговараме за него… изјави премиерот Мицкоски.

Инаку, ставот на Владата е конслоиндан и јасен – надлежните се подготвени да ги преземат обврските од Преговарачката рамка и се она што се однесува на спроведување на реформи, домашни задачи, исполнување на Копенхашките  критериуми. Сепак, што се однесува до уставните измени, тие може да бидат единствено со одложено дејство.