Реклама

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Македонија

🎥 Тошковски: Телефонски измами со наводни сообраќајни незгоди сѐ почесто таргетираат постари граѓани, жртвите да го исклучат телефонот и да пријавуваат во МВР

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски денеска преку видео објавено на неговиот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски денеска преку видео објавено на неговиот Фејсбук профил истакнува дека телефонски измами со наводни сообраќајни незгоди сѐ почесто таргетираат постари граѓани. Наша заедничка одговорност, посочи тој, е да им укажеме како да ги препознаат и да се заштитат.

-Многу е битно македонските граѓани да знаат дека доколку било каква ситуација се случи да бидат повикани на телефон, од страна на било кој наводен инспектор, полицаец, доктор, судија и така натаму, во таков случај не треба да продолжат во комуникација со него. Измамниците сакаат цело време да ја држат жртвата на телефон, не му дозволуваат, практично со цело време давање на лоши информации за нивните најблиски да го затворат телефонот, рече Тошковски на денешното гостување на Утринската програма на МТВ. 

Министерот ги советува жртвите да не продолжат во комуникација кога ќе се посомневаат дека станува збор за измама.

Реклама

-Треба да го исклучат телефонот и веднаш да известат на 112, да се јават на телефонскиот број 112 кој што е во Центарот за управување со кризи и ќе ги пренасочи во МВР откако ќе кажат дека се сомневаат за измама или директно да ѕвонат на 192 во МВР и директно да информираат дека се сомневаат за одредена измама, по што ќе бидат исконтактирани инспекторите кои работат во МВР, ќе дојдат не лице место и ќе продолжат понатака со соодветни дејствија во насока на расветлување на конкретниот случај. Значи, советот е никако да не продолжат во комуникација кога ќе се посомневаат дека станува збор за измама, нагласи министерот Тошковски. фф/ац/

Видеото може да го погледнете на следниот линк: