Реклама

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Првиот синдикалец Трендафилов „замина во илегала“: Никаде го нема да одговори на обвинувањата на вработените

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Македонија

🎥 Антикорупциска проверува службени возила пред изборите – Владата работи на новиот систем за црвени регистарски таблички

Антикорупциска брои службени возила пред изборите – институциите не ги пријавиле сите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Антикорупциска брои службени возила пред изборите – институциите не ги пријавиле сите во рокот, кој истече на 18 –ти август. Досега евидентирани се 1.916 службени возила во регистарот на антикорупционерите од разни државни претпријатија.

Владата апелира институциите да не чекаат и да го пријават бројот на автомобили во регистарот на ДКСК за да нема злоупотреби со нивно користење во тек на кампањата за претстојните локалните избори.

Апелирам до сите институции да го поднесат бројот на службени возила и веќе е донесена одлука на Влада дека рокот за поставување на регистрски таблички во боја е до 15-ти септември и тоа ќе го завршиме се во насока да нема повеќе злоупотреби на службени возила за цели кои што се надвор од службените” – изјави Марија Митева, портпарол на Влада.

Реклама

Сите институции и правни лица кои нема да достават податоци до Антикорупциска за бројот на службени возила, ќе се соочат со прекршочна пријава.

Доколку правните лица не достават податоци за бројот, видот, регистарската таблица и возната состојба на моторните возила со кои расолагаат во предвидениот рок, Антикорупциска покренува прекршочна постапка во рок од 15 дена од истек на рокот за доставување на податоците– велат од ДКСК.

За да нема злоуотреби од страна на државните служби, оваа Влада почна да спроведува нов систем на регистарски таблици за службените возила, со тоа повеќе нема возење на државна сметка – по свадби, викендички и партиски митинзи.

Владата ги задолжи сите државни институции, општини и јавни претпријатија до 15-ти септември да ги заменат таблиците на возилата со нови – обележани со црвена боја. Обврската ќе важи за повеќе од 6.500 автомобили во администрацијата и јавниот сектор.

Службата за општи и заеднички работи има воведено посебна телефонска линија и е-маил адреса, преку која граѓаните и медиумите ќе можат да пријавуваат сомнителни користења на службени возила. Со ваквата нова мерка, од СОЗР уверуваат дека ќе има брза реакција од надлежните и проверка на секоја пријава.

Ања Лукарова