Реклама

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Првиот синдикалец Трендафилов „замина во илегала“: Никаде го нема да одговори на обвинувањата на вработените

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Прилози

🎥 „Два потписа за кандидатура не се проблем за Ѓорѓевски, Шукова стравува од метеж на гласањето“

Независните кандидати за градоночалници не се закана за поголемите партии. По одлуката…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Независните кандидати за градоночалници не се закана за поголемите партии. По одлуката на ДИК, со која – секој што сака, само со две лични карти може да стане кандидат за градоначалник се појавија бројни сомнежи во јавноста дека гласачките ливчиња ќе наликуваат на тетратки, ќе има километарски ливчиња за советници но и голем избор на кандидати за градоначалници.

Дел од кандидатите во ова не гледаат проблем. Според Орце Ѓорѓиевски, Македонија е демократска држава и секој има право да се кандидира доколку смета дека може да добие мандат од граѓаните да води оштина, или да биде советник.

Кандидатката за градоначланик на град Скопје од СДСМ, Каја Шукова не ја исклучува можноста да настане метеж со независните кандидати на денот на изборите, според неа тој прецес треба законски да биде регулиран.

Реклама

Според кандидатот за градоначалник на општина Чаир, Изет Меџити несерозните  кандидати доколку ги има такви кои ќе се пријават за локалните избори веднаш ќе бидат препознаени од граѓаните и ќе излезат од игра уште во првиот круг.

Новите правила на игра доаѓаат откако уставниот суд во мај годинава укина две одредби Изборниот законик, кои го одредуваа бројот на потписи што треба да се соберат за независни листи. Тогаш прагот беше 1% и наиде на критики од граѓанските инцијативи, а по неговото укинување остана нерегулирано прашањето колку потписи тие треба да соберат за да поднесат листи на кандидати за членови на Совет, односно за градоначалник.

Викендов пратениците се обидоа да го регулираат ова преку измени во Изборниот законик – но ДУИ ги минираше обидите бидејќи гласаше против, со што не беше исполнет условот за Бадентер. Предлогот на владејачкото мнозинство беше прагот да биде 0,95% од бројот на избирачи во дадената општина, а преку амандмани тој праг се намали на 0,5% – сепак измените не поминаа.