Реклама

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Македонија

Мицкоски: Нашата Армија е гаранција дека овој народ ќе има поле да се развива, да создава и да ја гради својата иднина

Премиерот Христијан Мицкоски, по повод Денот на Армијата – 18 Август, порача…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски, по повод Денот на Армијата – 18 Август, порача дека нашата Армија е гаранција дека овој народ ќе има поле да се развива, да создава и да ја гради својата иднина.

-Денес го славиме 18 август – Денот на Армијата, денот кога ја чествуваме една од најважните институции на државата. Кога зборуваме за Армијата, зборуваме за продолжение на илинденската и асномската идеја, идејата за независна и слободна Македонија. Нашите претци се бореле со
срце, со жртва и со визија, напиша премиерот на својата Фексбук страница. Мицкоски нагласува дека Армијата денес е симбол на новото време и оти денес ние инвестираме во опрема, во инфраструктура, во услови за достоинствен живот и работа на војникот.

Реклама

-Оваа Армија денес стои рамо до рамо со сојузниците во светот, но и цврсто на својата земја, секогаш кога граѓаните се во неволја. Вие сте први на линијата на одбрана, но и први кои покажуваат што значи служење на народот. Армијата е срцето на државата. Ако тоа срце чука силно, тогаш и државата е здрава и сигурна. Нашата Армија чука силно, затоа и Македонија ќе оди напред. Да живее Армијата!, наведува Мицкоски во објавата на Фејсбук.Мицкоски денеска присуствуваше на централната свеченост по повод Денот на Армијата во касарната во Штип, каде свои обраќањаа имаа претседателката Гордана Сиљановска Давкова, министерот за одбрана Владо
Мисајловски и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски.