Реклама

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Првиот синдикалец Трендафилов „замина во илегала“: Никаде го нема да одговори на обвинувањата на вработените

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Македонија

🎥 Од еден хаос, во друг: Одлуката на ДИК за само два потписа може да ги претвори локалните избори во циркус

Секој граѓанин со наполнети 18 години ќе може да си го викне…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Секој граѓанин со наполнети 18 години ќе може да си го викне својот пријател, да му се потпише, да однесе лична карта, да пополни образец и да стане кандидат за градоначалник или советник на претстојните избори. Хаос и километарски ливчиња за советници но и голем избор на кандидати за градоначалници може да бидат реалност на есен откако ДИК го донесе правилникот според кој со само два потписа ќе може да учествувате на изборната трка.

Само како за пример, во Градот Скопје, од 6 кандидати што се очекувани, може да има и 30тина – од луѓе кои имаат визија и сакаат да се занимаваат со политика, па се до луѓе кои само сакаат да си пограат мајтап и да ги има на телевизија. Тоа, може да доведе до забуна кај многу гласачи, кои се потешко ќе може да го најдат кандидатот за кој сакаат да гласаат.

Според дел од експертите, како што досега сме сведочеле на т.н. „шоу кандидати без реално влијание, кои на избори се пријавуваат само за да ги има, може да се повтори истото сценарио – сепак, ќе се види дали граѓаните навистина сакаат да се вклучат во процесот, со оглед на критиките во минатото дека немало доволно избор.

Реклама

Ние сите овие години, имавме условно  речено кандидати копи беа дел од шоу, и за советници и за градоначалници, па ете, ништо не промениле. Овие избори ќе бидат интересни, па ќе видиме. Сме имале интересни кандидати кои повеќе биле забава за граѓаните, но народот сака луѓе кои имаат некаков минат труд и искуство. Има места, општински единици да гласови повлечат независни листи, вели аналитичарот Александар Ристевски

Новите правила на игра доаѓаат откако уставниот суд во мај годинава укина две одредби Изборниот законик, кои го одредуваа бројот на потписи што треба да се соберат за независни листи. Тогаш прагот беше 1% и наиде на критики од граѓанските инцијативи, а по неговото укинување остана нерегулирано прашањето колку потписи тие треба да соберат за да поднесат листи на кандидати за членови на Совет, односно за градоначалник.

Викендов пратениците се обидоа да го регулираат ова преку измени во Изборниот законик – но ДУИ ги минираше обидите бидејќи гласаше против, со што не беше исполнет условот за Бадентер. Предлогот на владејачкото мнозинство беше прагот да биде 0,95% од бројот на избирачи во дадената општина, а преку амандмани на Левица тој праг се намали на 0,5% – сепак измените не поминаа.