Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

🎥 Мицкоски за цените: Подобро на краток рок да ја платиме политичката цена, отколку граѓаните да ја плаќаат на долг рок

Подолгорочните и вистински мерки во борбата со инфлацијата можат да доведат до…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Подолгорочните и вистински мерки во борбата со инфлацијата можат да доведат до негативни поени на политички план, но владата подготвена да ги плати, само за да долгорочно го реши проблемот со високите цени што ги празнат џебовите на граѓаните. Според премиерот Мицкоски, замрзнувањето на маржите или цените се покажа како неефикасна мерка, затоа што праксата покажала дека цените останувале исто додека траела таа мерка, но потоа ограничување на маржата се прелевало во другите месеци и цените на крај повторно се повисоки. Тој смета дека нема никаква дилема дека е подобро да се справи со евентуални негативни реакции, со цел граѓаните и фирмите да не плаќаат премногу. За мерките да се формулираат ќе треба уште некое време, но засега Владаат не соопштува во кој правец и како ќе реагира.

„Апсолутно да зошто свесни сме, откако го лоциравме проблемот каде е, свесни сме дека тоа можеби ќе има и политичка цена и тука немаме никаква дилема , но подобро на краток рок да ја платиме таа политичка цена, отколку граѓаните да ја плаќаат во континуитет на долг рок“ – вели Мицкоски.

Она што е сигурно е дека Владата нема да ги повтори претходните мерки за ограничување на маржите во трговијата на големо и мало или пак да ги замрзне цените. И токму затоа побара повеќе време за да се реагира соодветно на инфлацијата. Податоците покажале дека не храната, туку услугите, особено оние во транспортот и угостителството се главна причина за зголемениот раст на цените. Планот е да нема популистички, туку трајни решенија, во кои меѓу другото ќе биде вклучена и монетарната политика, односно намалување на парите во оптек.

Реклама

Од друга страна, пак, и земјите од регионот продолжуваат со потези за да го спречат ценовниот раст. Претседателот на Србија, Александар Вучиќ рече дека ќе го користи македонското искуство во ограничување на маржите во обид да го запре грабежот на граѓаните од страна на трговците. Тој очекува поевтинување на производите и до 20% во наредниот период.

Европските држави, пак имаат просечна инфлација околу 3%, а оние од Еврозоната 2 проценти. Најслаби резултати има во Романија кадешто е измерена инфлација од дури 7,84% Брзиот раст се случил откако во јуни завршило ограничувањето на цените на струјата наметнато од владата. Освен тоа, з ада го намали дефицитот, романската влада го зголемила ддв и акцизите, што дополнително ги оптоварува цените. Втора највисока инфлација е измерена во Естонија од 5,6% во јули, додека растот на цените во Словачка и Хрватска изнесувал 4,5%, односно 4,1%.