Реклама

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Првиот синдикалец Трендафилов „замина во илегала“: Никаде го нема да одговори на обвинувањата на вработените

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Македонија

На изборите право на учество ќе имаат дури 66 веќе регистрирани политички партии, плус независни кандидати

Во моментов во Македонија има дури 66 регистрирани политички партии, и една…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во моментов во Македонија има дури 66 регистрирани политички партии, и една е во процес на регистрација, и сите до една имаат право да учествуваат на престојните локални избори.

Партијата која е во процес на регистрација е таа на Зелен Хуман Град и Зелените од Гази Баба, Шанса за Центар и независните за Карпош, кои веќе имаат свои претставници во советите, но за овие избори решија да формираат партии откако не беа донесени измени на Изборниот законик во однос на собирањето потписи за независните кандидати, како што се посочува во законот.

Како што е познато, Уставниот суд неодамна укина два членa од Изборниот законик кои се однесуваа на прагoт, односно колку потписи требаа да соберат независните кандидати. Тоа создаде своеобразен правен вакуум, затоа што сега не постои член според кој се предвидува колку потписи се потребни.

Реклама

Според Државната изборна комисија, доколку не се изгласaат измени на Изборниот законик наскоро, независните најверојатно на изборите ќе можат да се кандидираат без ниту еден потпис.