Реклама

Мицкоски по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Доста е од билатерализација, да зборуваме за заслуги, се бориме за нашите аргументи

Општествена одговорност на дело, нов спортски терен од „Видеолотарија на Македонија“ за младите во Куклиш

Очајничка потрага по „бугарски жртви“ – нов пораз на обидите за монтажи на Бугарите

Самит ЕУ- Западен Балкан: Македонија е најдобра, испорачува реформи, на ред е Брисел

Сите повици и тимови на едно место-Скопје добива Центар за итна медицинска помош

Стоп за насилството врз жените, се бараат 7 милиони евра годишно и построги законски мерки за насилниците

Прв форум за енергетска дипломатија во Скопје, Македонија на пат кон енергетска независнот

Владата изгуби трпение – за 24 часа најде решение за проблемот со кравите во Крива Паланка

Мегафоните подготвени, слоганот напишан, грантот добиен: Невладиниот сектор го киднапира јавниот простор

Едносменската настава ги дава првичните резултати – поодморени деца, помала потрошувачка на струја во училиштата

Секој втор возрасен пуши, цигарите подостапни иако расте нивната цена

Тази дупка, не е дупка: Лидерот на СДСМ како да паѓа во очај- Венко Филипче индиректно бара од ЕУ да го донесе на власт

Македонија

🎥 Народниот правобранител и Судскиот совет истражуваат зошто се одолговлекува судењето за родилката од Дебар

Народниот правобранител и Републичкиот судски совет ја чешлаат работата на струшкиот основен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Народниот правобранител и Републичкиот судски совет ја чешлаат работата на струшкиот основен суд за маратоскиот судски процес поврзан со случајот Веапоска. Се разгледуваат причините за бесконечното одложување на рочиштата и одолговлекување на судскиот процес кој налегува во четврата година откака почна,а постои опасност да застари.Од април 2024-та до сега е одржано само едно рочиште,бидејќи скоро една година се чекаше супервештачење од судско медицински одбор при Медицинскиот факултет,а во меѓувреме на два пати се менуваа судиите и обвинителите,а судскиот процес почнуваше од ново.

 “Ова судење влијае врз моето психичко здравје, значи 4 години да нема одлука,ова не е нормално.Ова го има само во нашата држава и нигде на друго место.Сите треба да бидеме заедно,да бидеме силни и да придонесеме судството што побргу да ги расчисти овие дела,не да чека 4,5 години па да го застарат делото”-вели родилката Јилдиз Веапоска

Претставката која ја поднесовме до надлежните институции е резултат на гневот и огорченоста на родилката која остана без бубрег, матка и јајник.Струшкиот основен суд мора брзо да донесе пресуда по која исто така експресни би се произнесле и судиите од битолска апелација, самотака може да се исправи оваа неправда која трае веќе 4 години,вели адвокатот Јанев.

Реклама

 “Ова не е само удар на правосудството, ова е удар на потребата на луѓето да знаат дека во Република Македонија постои судски систем кој дели правда.Едоставно ова треба да биде почеток на нешто што се вика владеење на правото, како инаку да продоложиме напред да се движиме кон еве сите во уста што ги носат-европските правила на игра,а да не делиме правда,односно судиите да не делат правда.Ако овој случај не биде почеток за владеење на правото во Република Македонија,ние никогаш нема да имаме правда во оваа земја”-вели Сашо Јанев,адвокат на Веапоска

Скандалот со родилката се случи на 31 август 2020-та година. Екс директорот на струшката болница Мухамед Асани,неговите син Блертон Асани и доктор Лилјана Јованоска се теретат за тешки дела против здравјето на луѓето.Следното рочиште е закажано за 9 септември.