Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување на соработката

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Македонија

Почина Јулијана Тануровска, новинарка и уредничка во МРТВ

По кусо и тешко боледување, почина Јулијана Тануровска, долгогодишен новинар и уредник…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По кусо и тешко боледување, почина Јулијана Тануровска, долгогодишен новинар и уредник на сателитската програма на Македонската радио-телевизија. Со над 35 години стаж во јавниот сервис, таа остави длабока трага во македонското новинарство и медиумскиот простор. Колегите ја паметат по професионалноста, посветеноста и човечноста.

Тануровска своето новинарско искуство како дипломиран новинар го почна во Македонското Радио, а потоа продолжи во МТВ. Обработуваше теми од образованието, а потоа теми од црквата, верата и религиите.

Погребот на Тануровска ќе биде извршен во недела на градските гробишта Бутел.