Реклама

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Избегната катастрофа во Зелениково, пожар во 2 часот по полноќ се приближил кон куќите

Обвинение за Груби, најава за повлекување на Ахмети – расте стравот во ДУИ, дали ќе „пропее“ Артан Груби?

Струшките вечери на поезијата од институција да станат одделение – Владата го одби предлогот на Министерството за култура

Нема нови случаи на западнонилска треска, општините редовно прскаат против комарци

Истрагата за водата „растворена“ со фекалии може да опфати и други лица

Мицкоски: Македонија со инфлација од 2,3%, меѓу земјите што најдобро се справуваат со економската криза

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Економија

🎥 Народната банка работи на нови мерки за полесен пристап до кредити за прв стан

Гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, во интервју за регионалната телевизија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, во интервју за регионалната телевизија „Њузмакс Балканс“, најави дека се подготвуваат нови мерки со кои ќе се овозможат подобри услови за кредитирање на становите коишто се купуваат за живеење, особено за прво купување. Целта е да се поддржи кредитирањето што се користи за решавање на станбеното прашање, особено кај младите, во услови кога цените на становите бележат континуиран раст.

„Најважна цел којашто си ја поставивме, а којашто произлегува и од мандатот на централната банка и е од општествен интерес, е да видиме како да се поттикне или да се овозможи поповолно кредитирање за објекти за живеење коишто се купуваат за првпат и ќе служат за живеење, затоа што е познато дека една третина од постојниот фонд на станови кај нас се празни“, истакна гувернерот Славески и објасни дека мерките ќе се насочат кон разликување на кредитите за прво живеалиште од оние за инвестиции и шпекулативни цели, со цел да се олесни пристапот за граѓаните кои навистина имаат потреба од сопствен дом.

Според анализите на Народната банка, половината од прометот со станови се остварува со готовина, што создава притисок врз побарувачката и дополнително ги зголемува цените. Затоа, Народната банка планира, во соработка со банките, да ги анализира и да предложи мерки, притоа внимавајќи на стабилноста на банкарскиот сектор.

Реклама

Гувернерот Славески нагласи дека предлозите за мерки ќе бидат доставени до банките заради консултација, со очекување дека ќе дадат резултати коишто ќе обезбедат подобар пристап до финансии за младите брачни парови и граѓаните кои сакаат да го решат станбеното прашање.