Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување на соработката

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Македонија

🎥 Пожарот над Радовиш ставен под контрола, Берово сѐ уште во огнена битка

По речиси две недели битка со огнената стихија на планината Готен пожарникари,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По речиси две недели битка со огнената стихија на планината Готен пожарникари, доброволци, вработени во Национални шуми, војници може да здивнат. Намалувањето на температурите и врнежите од дожд помогнаа да се изгаси и последниот крак од пожарот кој беснееше над радовишките села Подареш, Јаргулица и Покрајчево. Сепак еден дел од пешадијата ќе остане на терен, со цел да ја контролираат ситуацијата и да не дојде до ново разгорување на огнот.

„Учествуваа многу возила од национални шуми, новите БТР, хермелини, пинцгауери . Еве на тринаесеттиот ден можам да кажам дека во завршуваањето на овој крак над Радовиш, учествуваше и дождот. Се надевам дека ќе можам да кажам дека дождот ќе помогне и на кракот кај Берово и конечно д изјавиме дека овој пожар монструм кој зафати над 4000хектари конечно, целосно ќе биде изгаснат„ изјави Кире МИхаилов, од ЈП„Национални шуми„

За разлика од радовишка страна, каде ндлежните објавија победа нд огнента стихија, од страната на Берово се уште се води вистинска битка. Уште во раните утрински часови пожарникари, доброволци, војници, зедно со пожарникарите од Словенија ги гасат пламените јазици. Освен од земја, се работи и од воздух. На терен дејствуваше и полицискиот хеликоптер, но поради магла околу браната Турија, привремено е приземјен. Стратегијата е веќе направена, на огнот ќе му се спротистават од сите страни, со целата расположлива опрема и се претпоставува дека утре големата огнена стихија конечно ќе се стави под контрола.

Реклама

„Дождот колку толку направи една контрола на огнот. Нашите пожарникари се таму, има и од Национални шуми, како и пожарникарите од Словенија, кои дојдоа да помогнат. Направена е стратегија. Ќе направиме напори утре да го ставиме под контрола и во најбрзо време истиот да биде ликвидиран„ изјави Димитар Гошевски, командир на ТППЕ-Берово.

Според последните информации од Центарот за управување со кризи, во државата има само еден активен пожар и тоа на планината Готен кон Малешевските плани, каде гори нискостеблеста шума, смрека , бука и бор. Изгснати се пожарите на територијата на Радовиш, Прилеп и на планината Плачковица.