Реклама

Мицкоски по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Доста е од билатерализација, да зборуваме за заслуги, се бориме за нашите аргументи

Општествена одговорност на дело, нов спортски терен од „Видеолотарија на Македонија“ за младите во Куклиш

Очајничка потрага по „бугарски жртви“ – нов пораз на обидите за монтажи на Бугарите

Самит ЕУ- Западен Балкан: Македонија е најдобра, испорачува реформи, на ред е Брисел

Сите повици и тимови на едно место-Скопје добива Центар за итна медицинска помош

Стоп за насилството врз жените, се бараат 7 милиони евра годишно и построги законски мерки за насилниците

Прв форум за енергетска дипломатија во Скопје, Македонија на пат кон енергетска независнот

Владата изгуби трпение – за 24 часа најде решение за проблемот со кравите во Крива Паланка

Мегафоните подготвени, слоганот напишан, грантот добиен: Невладиниот сектор го киднапира јавниот простор

Едносменската настава ги дава првичните резултати – поодморени деца, помала потрошувачка на струја во училиштата

Секој втор возрасен пуши, цигарите подостапни иако расте нивната цена

Тази дупка, не е дупка: Лидерот на СДСМ како да паѓа во очај- Венко Филипче индиректно бара од ЕУ да го донесе на власт

Македонија

ВРЕДИ: На локалните избори, граѓаните ќе го направат вистинскиот ветинг за ДУИ

Соопштение на коалиција ВРЕДИ: „Раководството на ДУИ не би прошло ниту на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Соопштение на коалиција ВРЕДИ:

„Раководството на ДУИ не би прошло ниту на ветинг за чувари на земјоделска задруга, а камо ли на ветинг за борба против корупција или борба против соработници на тајни служби.

Секогаш кога ДУИ не знае како да се одбрани од јавноста и нејзините прашања за криминалот на водечките луѓе во ДУИ, од ракав и заборав ја вади истата тема, ветинг. ДУИ мислат дека ако викаат гласно и често за ветинг, луѓето ќе заборават какви криминалци се тие.
Секогаш кога се фатени во тесно, кога јавноста дознава за нивните криминали, корупциски зделки и сомнителни врски, ДУИ ја мафта празната парола “ветинг“, не како алатка за правда, туку како политички чадор за амнестија.

Реклама

Доколку навистина сакаа ветинг зошто не го спроведоа за 20 години додека беа на власт? Што им сметаше и пречеше? Или ваквите големи идеи ги чува за во опозиција, а кога е власт се занимава со тендери, фотоволтаични централи, трговски центри, печатници и пари.

ДУИ нема одговор зошто и денес, кога имаат можност, не започнуваат ветинг внатре во својата партија и коалиција.
Ветинг за Али Ахмети и имотот на неговата фамилија, за фирмите на деца, внуци, зетовци и сватови, за скапите и луксузни коли, централи, трговски центри!? Зошто не кажат низ процес на ветинг колкаво е тоа богатсво на луѓето околу Ахмети!?
Ветинг за Артан Груби, казино бизнисот низ Македонија, лиценците за казина на подземјето од Србија и Црна Гора, купувањето на слот апарати од државен буџет, неговот бегство и конечно неговото место на со американската црна листа!?
Ветинг за Бујар Османи и аферите од кој не може да избега: неговата улога и средби со српскиот свет, случајот „Пациент“ на СЈО и неговото повлекување, набавките, екстремно високите трошоци за ОБСЕ самитот, неговата поддршка за Отворен Балкан и средбата со Лавров!?
Ветинг за Арбен Таравари и неговите лиценци за канабис во Гостивар, тендерите за братучедите, “Ѓока Констракшн“ и евтината куќа во Тафталиџе!?
Ветинг за Блерим Беџети и неговите згради низ Сарај, финансиските трансфери од скопските јавни претпријатија кон негови луѓе и искрената и длабока соработката со Сашо Мијалков и Никола Груевски!?

ДУИ нека не се грижи. Ветингот доаѓа. И тоа најсилниот, народниот.
На локалните избори, граѓаните ќе го направат вистинскиот ветинг: ќе ги испратат во политичка пензија сите кои ја злоупотребуваа власта за лично богатење.“