Реклама

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Детското насилство сè побрутално – тепачки, ножеви и понижувања пред камери

Инвестициите во инфраструктурата ја менуваат транспортната позиција на Македонија

„Сејф сити“ ги намали несреќите – камерите го сменија однесувањето на возачите

ДУИ со блокада против државата – Собранието стана арена за партиска пресметка

МАКЕДОНЦИ НЕ БИДЕТЕ „НЕВИДЛИВИ“: Почнува пописот во Австралија, шанса која Македонците не смеат да ја пропуштат

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

Македонија

🎥 Муртезани: Реформската агенда успешно се спроведува

Македонија очекува да добие транша од 8,5 милиони евра од Европската Комисија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија очекува да добие транша од 8,5 милиони евра од Европската Комисија за дел од исполнетите обврски од Реформската Агенда. Комисијата треба да се изјасни, дали земјава ги направила потребните чекори, за да добие дел од парите од Планот за раст – шест милијарди евра, наменети за земјите од Западен Балкан.

Ресорниот министер, Орхан Муртезани на брифинг со новинарите порача дека Македонија е прва земја од регионот која ја претстави Реформската агенда, над 70% од реформите се или спроведени или во тек е имплементирање – институциите работат забрзано и со полн капацитет, за да се спроведат останатите. Реформите кои до сега се исполнети, се од областа на дигитализација, животна средина, економија, енергетика…

На брифингот беше направен преглед на досегашните резултати, презентирана тековната реализација и најавени беа следните чекори во имплементацијата на Агендата, која претставува стратешки документ што го трасира патот кон усогласување со европските стандарди во пет приоритетни области: управување со јавни финансии, енергетска транзиција, подобрување на деловната клима, владеење на правото и дигитална трансформација, информираа од Министерството за европски прашања.

Реклама

Според Муртезани, Собранието има важна улога во однос на спроведувањето на реформите. Клучна е и координацијата со пратениците и со министрите, за во иднина да има уште позасилена динамика.

Министерот Муртезани информираше дека дел од реформските мерки се веќе успешно спроведени и потврдени од страна на Европската комисија, додека за останатите се продолжува со стабилен и структуриран реформски процес, согласно утврдената временска рамка, информираа од Министерството за европски прашања.

Владата вчера испрати уште еден извештај за останатите реформи, со кој ќе побара од Европската Комисија 38 милиони евра од Планот за раст – и доколку ги имаме спроведено потребните реформи, Комисијата може да ги одобри најдоцна за три месеци.

Остварените резултати досега овозможија активирање на значителна европска финансиска поддршка, а според власта, реформите што се спроведуваат не претставуваат формалност, туку суштинска алатка за зајакнување на економијата, институците, подобрување на квалитетот на јавните услуги.

Планот за раст и реформите на регионот треба да му овозможат забрзана интеграција во ЕУ, а граѓаните на Западен Балкан да ги почувствуваат придобивките уште пред полноправното членство, како што е на пример, интеграција на нивните земји во заедничкиот европски пазар. Еден од конкретните резултати е и приклучувањето на Македонија, Албанија, Црна Гора и Србија, во Единствената област за плаќања во евра – СЕПА.

Парите се исплаќаат во фази – два пати годишно, но под услов државите да ги исполнат обврските за реформи, владеење на правото и добро управување – за Македонија се предвидени вкупно 750 милиони евра.