Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

Јевтимов: Во Дојран не се работи во интерес на општината, туку во интерес на СДСМ

Почитувани граѓани на Општина Дојран, Наназад 8 години сме сведоци на локалното…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Почитувани граѓани на Општина Дојран,

Наназад 8 години сме сведоци на локалното неработење на градоначалникот и потесниот круг на пријатели, опкружување кое води кон патеките на безидејност и неконтролирано работење кое тежнее на страната на интересите на СДСМ.

Партија која се води по принципите на евро за општината евро за партијата. Реални проекти, кои во подобро време би значеле раст и напредок на општината, меѓутоа никогаш нереализирани во целост со недостатоци, а како и што рековме погоре економски исплатливи само за џебовите на градоначалникот и партијата.

Реклама

Би сакале да спомнеме неколку неуспешни проекти, масовно најавувани но никогаш не на висината на успешен проект.

Проект за изградба на монтажна прочистителна станица во вредност од 266 милиони денари која би работела само за потребите на резидентното население на Општината без притоа да се земе во предвид летната сезона чиј број на граѓани достигнува и до 15 000.

Ново Јавно претпријатие ЈПДП Тауријан, кој работи со загуба, а истата покриена со средства од буџетот на Општина Дојран во вредност од 3 милиони денари. Инаку претходно средства кои се слеваа на сметка на ЈПКД Комуналец Полин, кои како такви го одржуваа претпријатието на повисоко ниво од кое што се наоѓа сега во моментот. Проблеми со исплаќање на плати за вработените, потешкотии со јавните набавки за потребите на претпријатието, огромни сметки за потрошена електрична енергија која тарифа комуналното претпријатие не е во можност да ја исплати на ЕВН Македонија.

Континуирани партиски вработувања во Општина Дојран кои би довеле до преоптоварување на буџетот на Општината со што би се создал нов проблем со потешкотии во реализација на капиталните проекти на наредниот градоначалник на Општина Дојран кој ќе биде од редовите на ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата.

По објавувањето на официјалниот кандидат на СДСМ за Дојран, се разјаснија дилемите за продолжената рака на актуелниот градоначалник преку новиот кандидат кој инаку е и поранешен претседател на советот и учесник во креирањето на политиката за Дојран преку погрешни проекти на товар на граѓаните на општината.