Започнува јубилејното 65-то издание на фестивалот „Охридско лето“. Честа да ја отворат 40-дневната фестивалска програма ја имаат американската пијанистка Клер Хуангчи и уметниците од Македонската филхармонија.
Фестивалот се одржува под покровителство на претседателката Гордана Сиљановска Давкова.
