Реклама

Самит ЕУ- Западен Балкан: Македонија е најдобра, испорачува реформи, на ред е Брисел

Сите повици и тимови на едно место-Скопје добива Центар за итна медицинска помош

Стоп за насилството врз жените, се бараат 7 милиони евра годишно и построги законски мерки за насилниците

Прв форум за енергетска дипломатија во Скопје, Македонија на пат кон енергетска независнот

Владата изгуби трпение – за 24 часа најде решение за проблемот со кравите во Крива Паланка

Мегафоните подготвени, слоганот напишан, грантот добиен: Невладиниот сектор го киднапира јавниот простор

Едносменската настава ги дава првичните резултати – поодморени деца, помала потрошувачка на струја во училиштата

Секој втор возрасен пуши, цигарите подостапни иако расте нивната цена

Тази дупка, не е дупка: Лидерот на СДСМ како да паѓа во очај- Венко Филипче индиректно бара од ЕУ да го донесе на власт

По долго одовлекување , СДСМ конечно собра храброст за продолжување на надзорната расправа за „Алта Банка“

Секој трет стан празен, цените напумпани, ќарот огромен: Попустот за становите нема да биде удар врз градежните фирми

Хорор во Крагуевац – ученик пукал кон хигиеничарките

Македонија

Сабриу: Со ова темпо на реформи градиме пофер, похумана и порамноправна Македонија

Соопштение на Фатмир Сабриу од ВЛЕН: „Денес сме тука да споделиме со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Соопштение на Фатмир Сабриу од ВЛЕН:

„Денес сме тука да споделиме со вас преглед на една извонредна година работа, посветеност и пресврт на очекувањата во областа на социјалната заштита, еден од основните столбови на нашата визија за пофер и похумано општество.

ВЛЕН како дел од Владата, докажа дека ветената промена не е само слоган, туку опиплива реалност за илјадници граѓани. Со транспарентен, инклузивен пристап и врз основа на реалните потреби на луѓето, имплементиравме реформи кои со години останаа блокирани или игнорирани од претходните влади.

Реклама

Во текот на изминатата година, над 80 милиони денари месечно се инвестирани во социјални услуги, апсолутен рекорд за нашата земја. Потпишани се 84 договори со општини и даватели на социјални услуги, повеќе од двојно повеќе од оние што се имплементирани во минатото.

Склучивме 26 нови грантови со општини за развој на услуги што влијаат на секојдневниот живот на граѓаните: домашна нега, дневни центри и поддршка за најранливите групи.

Наследивме деградиран и политизиран систем. Но, изградивме ново софтверско решение за интегрирано администрирање на парични права, социјални услуги и јавни овластувања. Сега, социјалните работници имаат целосен преглед на секое семејство само со еден клик.

Го деблокиравме Проектот за администрација на социјално осигурување „SIAP“, кој 5 години имаше само 9,92% имплементација. За само една година од нашата влада, имплементацијата се зголеми на 17,38% и се очекува да продолжи со забрзано темпо.

За прв пат, градиме унифициран и фер систем за проценка на попреченоста, преку создавање на Централното координативно тело (CDCCU).

Исто така, го создаваме првиот Национален регистар за лица со попреченост, за да гарантираме пофер планирање и поефикасна помош.

Министерството за труд и социјална политика, под раководство на ВЛЕН, стана првата институција со целосно достапна веб-страница за лицата со попреченост, што е важен чекор кон дигитална инклузија.

Исто така, во процес сме на создавање Национална платформа за глуви и наглуви лица, за да се гарантира еднаков пристап до јавните институции.

Минатата година беа изградени и опремени 15 нови градинки, а до крајот на 2025 година ќе бидат отворени уште 11, кои ќе сместат над 1.100 деца.

Во рамките на Јавните повици за изградба и реконструкција на детски установи, во 2024 година беа финансирани 4 проекти во вредност од над 250 милиони денари, додека во 2025 година се планирани 6 нови проекти во вредност од над 520 милиони денари. Друго големо достигнување е линеарното зголемување на пензиите за над 330.000 пензионери, за по 5.000 денари, зголемување кое директно влијае на благосостојбата на група која честопати била маргинализирана.

Почитувани,

ВЛЕН докажа дека владеењето со визија, срце и знаење е можно. Ние сме тука за да изградиме општество кое никого не остава зад себе, ниту децата, ниту старите лица, ниту ранливите, ниту лицата со попреченост.

Со ова темпо на реформи, градиме пофер, похумана и порамноправна Македонија.

И нема да застанеме.“