Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

Минчев: Направивме историски исчекор во реформата на јавната администрација со усвојување на три клучни закони

Денес, во просториите на Министерството за јавна администрација, се одржа прес-конференција на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Денес, во просториите на Министерството за јавна администрација, се одржа прес-конференција на Министерот Горан Минчев, по повод историското усвојување на три клучни закони за реформа на јавната администрација. Министерот го истакна значењето на законите како суштинска пресвртница кон изградба на професионална, деполитизирана и ефикасна администрација, во согласност со европските стандарди.

На вчерашната седница, Собранието на Македонија ги усвои следниве реформски закони:

-Законот за административни службеници;
-Законот за вработените во јавниот сектор;
-Законот за стручно усовршување и обука на административните службеници.

Реклама

– Овие закони значат крај за партиските вработувања, клиентелизмот и формалните реформи што со години служеа како параван за нефункционалност. Ова не е крај – ова е почеток на нова ера во јавната администрација, изјави Министерот Минчев.

Преку новите законски решенија се воведуваат темелни промени во јавниот сектор, меѓу кои:

-Вработување базирано на заслуги и компетенции, со целосна транспарентност преку дигитална платформа на Агенцијата за администрација;
-Специјализирани решенија за ИТ кадарот, подобрени услови за работа и мотивација за млади таленти;
-Задолжително и континуирано стручно усовршување преку новоформираната Академија за обуки;
-Воведување на менторство, обврзни тестирања и јасни критериуми за унапредување и дисциплинска одговорност;
-Централизирана институционална поддршка и контрола на вработувањата и унапредувањата.

Дополнително, Собранието го усвои и Законот за инспекциски надзор, со кој се укинуваат функционерските позиции во Инспекцискиот совет, со што државата ќе заштеди над 255 илјади евра годишно. Овој совет се интегрира во Министерството за јавна администрација, како дел од посветеноста кон ефикасно управување и укинување на политичките влијанија.

– За првпат по долго време, државата покажува заби на клиентелизмот, и рака на поддршка за професионализмот. За првпат, граѓаните, а не партиите, се ставени во центарот на системот, рече Минчев.

Министерот најави и нов реформски пакет закони кои се во подготовка:

-Законот за висока раководна служба;
-Законот за организација и работа на органите на државната управа;
-Законот за воспоставување на систем за плати во јавниот сектор.

Овие закони ќе донесат стабилност, отчетност и фер систем на плати базиран на принципот „еднаков труд – еднаква плата“.

Прес-конференцијата заврши со благодарност до сите пратеници, институции, синдикати, граѓански организации, експерти и меѓународни партнери кои беа дел од процесот, како и до вработените во Министерството, за кои Минчев нагласи дека се „срцето на реформата“.

Министерството останува посветено на доследна имплементација на новите закони, со подготовка на подзаконски акти и континуирана поддршка на процесот на градење на јавна администрација по европски стандарди.