Реклама

Самит ЕУ- Западен Балкан: Македонија е најдобра, испорачува реформи, на ред е Брисел

Сите повици и тимови на едно место-Скопје добива Центар за итна медицинска помош

Стоп за насилството врз жените, се бараат 7 милиони евра годишно и построги законски мерки за насилниците

Прв форум за енергетска дипломатија во Скопје, Македонија на пат кон енергетска независнот

Владата изгуби трпение – за 24 часа најде решение за проблемот со кравите во Крива Паланка

Мегафоните подготвени, слоганот напишан, грантот добиен: Невладиниот сектор го киднапира јавниот простор

Едносменската настава ги дава првичните резултати – поодморени деца, помала потрошувачка на струја во училиштата

Секој втор возрасен пуши, цигарите подостапни иако расте нивната цена

Тази дупка, не е дупка: Лидерот на СДСМ како да паѓа во очај- Венко Филипче индиректно бара од ЕУ да го донесе на власт

По долго одовлекување , СДСМ конечно собра храброст за продолжување на надзорната расправа за „Алта Банка“

Секој трет стан празен, цените напумпани, ќарот огромен: Попустот за становите нема да биде удар врз градежните фирми

Хорор во Крагуевац – ученик пукал кон хигиеничарките

Македонија

Амбасадорот на ЕУ Рокас во посета на Охрид

Амбасадорот на Европската Унија во Македонија Михалис Рокас денеска ќе ја посети…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Амбасадорот на Европската Унија во Македонија Михалис Рокас денеска ќе ја посети општина Охрид како дел од иницијатива за приближување на ЕУ и процесот на интеграција на земјата до локалното население.

Делегацијата на ЕУ во Скопје соопшти дека Рокас ќе ја почне посетата со средба со градоначалникот Кирил Пецаков и членовите на Општинскиот совет.

-За време на средбите ќе се истакнат придобивките од пристапувањето кон ЕУ како и конкретното влијание на поддршката од ЕУ врз секојдневниот живот во регионот, се наведува во соопштението.

Реклама

По средбите, амбасадорот Рокас ќе ја посети Планинарската спасувачка служба во Охрид, проект поддржан во рамките на Програмата за прекугранична соработка меѓу Албанија и Македонија.

Амбасадорот на ЕУ утре ќе ја посети општина Струга каде што во „Јуроп Хаус Струга“ ќе се сретне со млади локални претприемачи „со кои ќе ги разгледаат иницијативите насочени кон намалување на миграцијата на младите и зајакнување на општествената структура на регионот“.