Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

Одржано Вонредно собрание на ССК на Македонија

Дневниот ред на собранието содржеше 14 точки со кои се констатираат груби…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дневниот ред на собранието содржеше 14 точки со кои се констатираат груби прекршувања на Статутот, изнесување на лични ставови, донесување на индивидуални одлуки штетни по угледот и репутацијата на ССКМ, груб упад во дата базите и податоците на ССКМ и злоупотреба на социјалните медиуми за работењето на ССКМ и нејзините членки во изминатиот период од страна на преседателот Трајан Ангелоски и лица во неговото најблиско опкружување.

По барање од десет членки на УО на Сојузот на стопански комори на Македонија – ССК денеска ( 09.07.2025 година) во 13 часот, се одржа Вонредно Собрание на ССКМ со присуство од голем број на членки од седум комори и една групација. Вонредното собрание на ССКМ поради заклучените простории на ССКМ од страна на досегашниот преседател Трајан Ангелоски, се одржа на кровната панорамска тераса. Собранието се одржа во присуство на извршниот директор на ССК , овластен адвокат кој беше избран за Претседавач на Собранието, и Записничар Нотар за верификација на неговата веродостојност и валидност. Избраната Верификациона Комисија ја констатира легитимноста и бројноста на Собранието на ССКМ, со што истото продолжи со неговата работа.

Покрај другите одлуки, ЗНАЧАЈНА ОДЛУКА на Вонредното Собрание на ССКМ е дека на досегашниот преседател Трајан Ангелоски му прекинуваат сите овластувања за претставување на ССКM во земјата и странство како и учество во сите тела назначени од ССКМ во изминатиот и следниот период се до свикување на Ново Собрание на кое ќе се избере легитимен претседател и управен одбор на ССКМ.

Реклама

Вонредното собрание на ССКМ е закажано да се одржи на 30.07.2025 година и со ова Соопштение до Медиуми се повикуваат сите членки на ССКМ да земат учество и на истото да се избере легитимен преседател кој ќе ги застапува интересите на членките на ССКМ и на бизнис заедницата и ќе помогне во градење на државни политики проникнати од идеите и предлозите на македонскиот бизнис сектор.

Поради грубиот упад на Трајан Ангелоски во серверскиот систем и личните податоци на членките на ССКМ и неможноста за користење на службените емаил-ови на ССКМ, сите соопштенија кои ќе бидат пратени од официјалните емаил адреси на ССКМ се невалидни и неважечи.

Дополнително, Собранието одлучи дека правото на комуницирање со медиумите и членството на ССКМ до периодот на одржување на новото Собрание е исклучително на Извршниот Директор на ССКМ и неговата приватна електронска адреса.