Реклама
Македонија

Сиљановска-Давкова ја активираше Армијата во справувањето со пожарите

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, согласно Законот за управување со кризи, потпиша одлука…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, согласно Законот за управување со кризи, потпиша одлука за учество на дел од Армијата во гаснењето на пожарите.

Ангажманот на припадниците на Армијата следи по прогласувањето кризна состојба од страна на Владата.

Генералштабот на Армијата ќе го одреди начинот на нејзиниот ангажман.

Реклама

-Претседателката е во тек со состојбата со пожарите и изразува загриженост и сочувство со засегнатите сограѓани, информираат од Кабинетот на Сиљановска Давкова.