Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

Сиљановска-Давкова ја прими Карол Межеван, директорка на Светска банка за државава и Косово

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими Карол Межеван, директорка на Светска банка за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими Карол Межеван, директорка на Светска банка за државава и за Косово, која престојува во прва посета откако стапи на функцијата на почетокот на овој месец.

Изразувајќи благодарност за досегашната три децениска поддршка, Сиљановска-Давкова изрази очекување дека соработката со Светска банка, со новата директорка ќе резултира со поголеми придобивки за македонското општество. Таа посочи дека од 1993-та година досега, се одобрени над 100 проекти во вредност од 2,2 милијарди долари преку коишто се зајакнаа системите за вработување и за социјална заштита, се унапреди одржливиот, зелен раст, со краен бенефит – посилна македонска економија и подобар квалитет на живот на граѓаните.

За трасирање на патот кон одржлив развој, како што нагласи Сиљановска-Давкова, одлична основа претставува Рамката за партнерство на Светска банка 2024–2028, особено ако се има предвид дека таа е усогласена со националните приоритети и се фокусира на три основни цели: подобрување на испораката на јавни услуги преку подобрен административен капацитет и ефикасно јавно трошење, зголемување на бројот на нови работни места во приватниот сектор преку дигитализација, усогласување со стандардите на ЕУ и зајакнување на основните вештини и механизми за транзиција на работните места, како и зголемување на отпорноста на климатските промени преку поддршка на енергетската ефикасност, почист воздух и подобра инфраструктура.

Реклама

Примарна цел на Светска банка, којашто и самата се трансформира одвнатре, како што истакна Карол Межеван, е да го поддржи развојот на земјава, преку имплементирање на најдобрите практики и искуства. Потенцираше дека во нејзиниот мандат ќе се залага за инклузивен економски раст на државата, каде секој ќе добие подеднакви можности за домување, образование и вработување, за подобрување на инфраструктурата, како и за дигитализација.

Истакнувајќи дека средбата со претседателката Сиљановска-Давкова е нејзина прва средба со претставници на државниот врв во земјава, Межеван изрази очекување приоритетите на Светска банка за земјава да бидат идентични со македонските национални приоритети.