Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

Фетаи: Зајакнување на партнерството за добро владеење и реформи кон Европската Унија

Заменик-претседателот на Владата, задолжен за политики за Добро Владеење, Арбен Фетаи, денеска…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Заменик-претседателот на Владата, задолжен за политики за Добро Владеење, Арбен Фетаи, денеска оствари средба со г-ѓа Кирстине Дамкjaер, заменик-извршна директорка на УНОПС, и г. Тим Ларднер, регионален директор за Европа и Централна Азија, во рамките на нивната официјална посета на Македонија, како и со амбасадорката на Швајцарија, г-ѓа Вероник Хулман, и раководителот на Одделот за развојна соработка при Амбасадата на Шведска – Микаел Атерхог.

За време на состанокот се дискутираше за плодната соработка во рамки на проектот „Поддршка за Европската интеграција на Македонија“, кој се спроведува од страна на УНОПС со поддршка на владите на Шведска и Швајцарија. Проектот претставува успешен модел на координација меѓу развојните партнери и домашните институции, ставајќи го граѓанинот во центарот на реформите.

Заменик-претседателот на Владата високо ја оцени континуираната поддршка од УНОПС, Шведска и Швајцарија и потенцираше дека доброто владеење, транспарентноста, владеењето на правото и борбата против корупцијата остануваат меѓу главните приоритети во процесот на европска интеграција.

Реклама

– Посветени сме да ја продолжиме работата на изградба на силни, одговорни и отворени институции кон граѓаните. Преку блиска соработка со нашите меѓународни партнери, преземаме значајни чекори кон исполнување на европските стандарди и вредности, истакна Заменик-претседателот на Владата.

Учесниците на состанокот ја реафирмираа важноста на зајакнување на институционалниот интегритет и обезбедување на видливи резултати од реформите за граѓаните, како и ја изразија подготвеноста за натамошно продлабочување на соработката во иднина.