Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

Кандидатите за локалните избори на СДСМ се олицетворение на клиентелизам и неспособност

Во прилог соопштението на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ: „СДСМ продолжува да ги нуди…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во прилог соопштението на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ:

„СДСМ продолжува да ги нуди истите компромитирани кадри.

Мартин Костовски, Марјан Даскаловки и Горан Герасимовски, рециклираните кандидати за градоначалници на СДСМ за локалните избори, се доказ дека СДСМ се уште функционира по старата пракса.

Реклама

Овие луѓе не се иднина ни за Куманово, ни за Струмица, ни за Центар.

На јавноста и е добро позната матрицата на СДСМ, па со оглед на тоа јасно е и дека не може да понуди она што на граѓаните им е потребно.

Кандидатите кои СДСМ ги предлага се блиски луѓе до Заев, а и се поврзани со низа скандали кои нанеле штета на државата и граѓаните.

Овие луѓе се симболи на клиентелизам и повторно ја нудат праксата на Заев и Ковачевски.

Мартин Костовски, човек кој како пратеник беше глув и нем за проблемите на граѓаните. Ама затоа беше послушен кога требаше да се поддржат договори што и правеа штета на државата.

Ова се стандардите на СДСМ, предуслов е да се биде дел од потесниот круг на партијата, до кој гласот на народот не може да допре.

Марјан Даскаловски од друга страна, кој инаку е познат по неговата врска со изборни манипулации и локални игри во Струмица.

Со Даскаловски, Струмица нема иднина. Таа ќе остане заробена општина на истите луѓе кои со години го третираат градот како лична територија.

Очигледно, според СДС политичка блискост е поважна од компетентност.

Горан Герасимовски, градоначалникот на општина Центар, е пример за расипничко и неодговорно управување.

Тој е градоначалник кој јавната функција ја сфаќа како лична привилегија.

Расипничко трошење на парите на граѓаните, скапи адвокати, налози без податоци, нефункционални проекти, кој општина Центар ја третираше како сопствен буџет.

Центар не доби развој, а СДСМ повторно го кандидира истиот човек, без ни трошка самокритика или анализа на катастрофалното работење.

СДСМ се обидува ваквите ликови да ги претстави како решение.

СДСМ не учи од грешките и се обидува вакви луѓе да ги претстави како решенија за проблемите што самите ги создадоа.“