Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

ДУИ ги остави пожарникарите на немилост, вработуваме 400 пожарникари и градиме функционален систем за противпожарна заштита

Соопштение на коалицијата ВЛЕН: „Повеќе од 20 години на власт, ДУИ целосно…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Соопштение на коалицијата ВЛЕН:

„Повеќе од 20 години на власт, ДУИ целосно ги занемари противпожарните единици во нашите општини, изложувајќи ги албанските пожарникари без минимални услови за работа, без соодветна опрема и без никаков план за противпожарна заштита. Тие раководеа со Центарот за управување со кризи и со директори кои немаа ниту визија ниту одговорност за овој витален сектор.

Денес, Владата предводена од ВЛЕН ја менува оваа реалност! Одобрена е новата мерка „Јавни работи за заштита и превенција од пожари“, која за прв пат создава основа за одржлив и функционален систем за противпожарна заштита во нашата земја. Со оваа иновативна програма ќе бидат ангажирани 400 лица, кои ќе помогнат во креирањето на противпожарни појаси и ќе спроведуваат други превентивни активности, во 14 општини со територијални противпожарни единици. Овие се дел од превентивните мерки со кои Владата на ВЛЕН се обидува да го намали и ограничи штети кои граѓаните, за жал, ги имаа секоја мината година.

Реклама

Ова е голем чекор напред, од реактивната и пропагандна политика што ја следи ДУИ, кон проактивен, одговорен и ефикасен пристап, кој истовремено обезбедува социјални и еколошки ефекти. За прв пат, противпожарната заштита се гледа како државен приоритет, а не како сезонска тема за прес-конференции.

ВЛЕН не дава празни ветувања, ВЛЕН дејствува! Градиме функционални институции, создаваме достоинствени работни места и ставаме крај на децениското занемарување на клучните сектори за безбедноста и благосостојбата на нашите граѓани.“