Реклама

„Колегиум“ на Алфа ТВ – нова емисија со директни прашања и актуелни теми што ја засегаат јавноста

Македонскиот јазик ги спојува континентите: 60 македонисти од 17 земји во Македонија

Тутунскиот комбинат Прилеп оштетен за 3,3 милиони денари – кривични пријави за екс-директор и негови соработници

АХВ демантира: Угинатите овци во Соколарци се соодветно закопани и извршена е дезинфекција

Филипче куртули: Обвинителството ја затвори предистрагата за набавката на модуларните болници за време на ковид кризата

„Сејф сити“ ги стигна и станците: Казните ги чекаат на Табановце, над 33 илјади прекршоци

Попустите остануваат – и оваа година поевтин училишен прибор за учениците

Мицкоски ја фрли изборната ракавица: ДУИ самоуверено ја прифати, СДСМ со наведната глава одбија

Приоритетите на дипломатијата: Националните интереси, економијата и грижа за иселениците

Мицкоски не сака да губи време со Радев: На заедничка маса само за конкретни разговори и решенија

Летото не попушта, нов топлотен бран во Македонија

Димитриеска-Кочоска: Буџетот се полни солидно

Македонија

Завршен настан за одбележување на успешна имплементација на регионалните проекти реализирани со ИОМ

Заменик министерот за внатрешни работи, Астрит Исени присуствуваше на завршниот настан на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Заменик министерот за внатрешни работи, Астрит Исени присуствуваше на завршниот настан на кој беше одбележана успешната имплементација на регионалните проекти реализирани во соработка со Меѓународната организација за миграции (ИОМ).

На завршниот настан беа претставени главните достигнувања од следните иницијативи:

– „Инструмент за зајакнување на капацитетите за интегрирано гранично управување со Западен Балкан“(WBIBM),

Реклама

– „Инструмент за зајакнување на капацитетите за реадмисија на земјите од Западен Балкан“ (WBCAP),

– „Заедничка акција на Западен Балкан во борбата против криумчарење мигранти и трговија со луѓе“(WBJAST) и

– Програма за враќање и реинтеграција на Западен Балкан (AVRR) – Фаза II.

Во обраќањето на завршниот настан, Заменик министерот Астрит Исени истакна дека постигнувањата во рамките на овие проекти се јасен показател за одличната соработка помеѓу Министерството за внатрешни работи и Меѓународната организација за миграции (ИОМ) и претставуваат пример за успешно и одржливо партнерство засновано врз заемна доверба, стратешка визија и заедничка определба за унапредување на системите за управување со миграцијата.

„Министерството за внатрешни работи останува посветено на одржливи решенија и партнерства кои ќе обезбедат конкретни и ефективни одговори на предизвиците поврзани со миграцијата, водејќи се од стандардите на ЕУ, принципите на хуманост и заедничката визија за стабилен и безбеден регион“, потенцираше Исени.