Реклама

Епидемискиот бран на Западно-нилска треска е во нагорна линија

Пи-ар тимот на СДСМ „растура“: Празните соопштенија не се само безидејни, туку и го симнаа нивото на комуникација

Обвинителство или штит за функционерите? Последни денови на Ислам Абази

„7-ми Мај“ се враќа по 25 години: Над 600 кандидати за 200 места, одлични услови во новото училиште за идните полицајци

Шангајската листа повторно без македонски универзитет: Спасот се бара во законите кои заглавија во собранието

Средба Муцунски – Мацинка: Приоритет на Чешка е Македонија што поскоро да стане членка на ЕУ

Почнаа уписите на УГД во Штип, слободни 3.300 места

Филипче кани гости, па исчезнува: Не викна во партија да му снимиме изјава и целосно го снема

Огнената стихија во прилепско не стивнува

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Македонија

Муртезани на средба со генералната директорка за европски фондови на Шпанија

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, денеска во Мадрид оствари средба со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, денеска во Мадрид оствари средба со генералната директорка за европски фондови при Генералната дирекција за Европски фондови на Кралството Шпанија, Ана Кристина Пења Санчез, на која што се разговараше за предизвиците и можностите во користењето на европските претпристапни фондови и за идните насоки на соработка меѓу двете земји во оваа сфера.

Фокусот на разговорите беше ставен на иднината на ЕУ фондовите за земјите кандидатки за членство во Унијата, во контекст на Планот за раст и Реформската агенда. Муртезани и Пења Санчез разменија мислења за потребата од систематско градење и зајакнување на административните капацитети, со цел поефикасно искористување на достапните европски средства. Разговорите опфатија и теми за креирање на зрели инвестициски проекти, како предуслов за брза и ефикасна апсорпција на средства. Исто така, на средбата се дискутираше и за модалитетите како да се обезбеди долгорочна одржливост на резултатите од ЕУ финансираните програми и проекти.

Министерот Муртезани го презентираше досегашното искуство на Македонија во користењето на средствата од ИПА, нагласувајќи дека, државата презеде сериозни чекори за да ги надмине идентификуваните слабости, особено преку воспоставувањето на подобрена институционална рамка во ИПА 2021-2027. Тој посочи дека, иако имплементацијата е сè уште во рана фаза, наредните две до три години ќе бидат клучни за да се оцени ефикасноста на направените подобрувања.

Реклама

Во рамките на разговорите беа разгледани и можностите за споделување на знаење и најдобри практики од спроведувањето на ЕУ Инструментот за закрепнување и отпорност (RRF) за земјите членки на ЕУ, со цел да се искосристат искуствата за унапредување на вештините и пристапот на администрацијата во нашата земја во користењето на новите механизми на европска поддршка, како што е Инструментот за реформи и раст за земјите од Западен Балкан.