Реклама

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Дури 11 пријавени нови случаи на ХИВ-СИДА за само 15 дена од месец јули

По цели седум години, министерот Муцунски ги собира македонските амбасадори во Скопје на консултации

Тревога – Македонија се наоѓа во зона на висок ризик од пожари: И најмало жарче може да предизвика невидена катастрофа

Почнува трката за индекс- тече првиот уписен рок на најголемиот Универзитет во државата „Свети Кирил и Методиј“

Се чека само потписот за да потече гасот: Од септември Македонија станува дел од Вертикалниот гасен коридор

Венко Филипче е во штабот на СДСМ: По 12 дена конечно познато каде е, летниот одмор најстрого чувана тајна

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

Македонија

Јанев: Полицијата не е само служба, таа е стожер на државата, нема да дозволиме да биде инфилтрирана од внатрешен криминал

Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев се огласи преку социјалните…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев се огласи преку социјалните мрежи откако вчера беше спроведена голема акција со која полицијата го чисти криминалот во своите редови.

Вчера беше разбиена долгогодишна, добро организирана мрежа што овозможувала странски државјани да престојуваат во Македонија без исполнување и прекршување на законските услови.

-Решително и без компромиси преземаме мерки за внатрешно чистење и гонење на сите организирани или поединечни криминални дејствија на нечесните колеги. Јасно и недвосмислено повторно упатувам порака до секој припадник на полицијата – криминалот ја разорува институцијата одвнатре и нема да дозволиме тој да тлее во нашите редови. Сите ние сме одговорни да се бориме за интегритет, професионалност и чесност. Само преку непоколеблива одговорност и етичко постапување можеме да ги минимизираме системските дегенеративности, да изградиме подобра иднина, да ја зачуваме довербата на граѓаните и да се гордееме со угледот на полицијата и државата. Полицијата не е само служба – таа е стожер на државата! Нема да дозволиме таа да биде инфилтрирана од внатрешен криминал, дециден е Јанев.

Реклама

Директорот во своето обраќање на Денот на полицијата кој се одбележува на 7 Мај, на нечесните полициски служебници им порача дека криминалот нема иднина, како и дека Македонија е држава во која владее законот, а не во која царуваат валкани зделки. Јанев тогаш им испрати порака и на раководните лица во БЈБ во која децидно потенцираше дека функцијата не им е штит и дека никој не е над Законот.

-Сакам најдоблесно да им се обратам на сите раководни лица од Бирото за јавна безбедност на сите кои како раководство им дадовме шанса, поддршка. Функцијата не ви е трофеј, таа е одговорност. Не заборавајте дека никој не е вечен. Во едно современо општество не владее поединецот, владее правото. Ако заборавивте зошто сте таму, ќе ве потсетиме, ако мислите дека функцијата ви е штит, грешите. Ние не сме тука за да владееме, ние сме тука да служиме со чест, со работа, со интегритет. Никој не е над законот, па дури ни никој од нас – порача Јанев.

Нагласи дека најважно е што ја почнале најрешителната борба против криминалот и корупцијата.