Реклама

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Дури 11 пријавени нови случаи на ХИВ-СИДА за само 15 дена од месец јули

По цели седум години, министерот Муцунски ги собира македонските амбасадори во Скопје на консултации

Тревога – Македонија се наоѓа во зона на висок ризик од пожари: И најмало жарче може да предизвика невидена катастрофа

Почнува трката за индекс- тече првиот уписен рок на најголемиот Универзитет во државата „Свети Кирил и Методиј“

Се чека само потписот за да потече гасот: Од септември Македонија станува дел од Вертикалниот гасен коридор

Венко Филипче е во штабот на СДСМ: По 12 дена конечно познато каде е, летниот одмор најстрого чувана тајна

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

Македонија

Фетаи: АА останува во Влада – од 50 функционери, само тројца поднеле оставка

Алијансата за Албанците (АА) продолжува да биде дел од Владата, бидејќи огромното…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Алијансата за Албанците (АА) продолжува да биде дел од Владата, бидејќи огромното мнозинство функционери продолжуваат да одат на работа. Ова го изјави вицепремиерот Арбен Фетаи според кого оставката на само неколку поединци од нивните должности и на Арбен Таравари од Министерството за здравство не ја води АА во опозиција.

– Делот на AА во Владата го сочинуваат околу 50 државни функционери кои се назначени на одредени позиции, најмалку 50, а можеби и повеќе. Гледам дека од нив, само тројца досега поднеле оставки, за тројца се знае дека јавно се изјасниле, за останатите не знам никого што ја напуштил Владата. Знам дека сите други продолжуваат да одат на своите работни места, вели Фетаи.

Вицепремиерот Фетаи, кој е претседател на Собранието на Алијанса за Албанците, состанокот на претседателството на партијата што се одржал токму за ова прашање го нарече циркус. Тој посочува дека не му рекол „не“ на Арбен Таравари, туку рекол „не“ на план кој, според него, не е план на Алијансата за Албанците.

Реклама

– Реков „не“ на одлука што не е одлука, бидејќи не добила форма на одлука во партиските тела. Како прва точка, тоа не беше состанок на раководството, туку измислен формат на кој присуствуваа членови на партиското раководство, функционери и раководители на ограноци. Овој формат не постои никаде во статутот на партијата. Партиското собрание е единственото тело одговорно за донесување такви одлуки во АА. Па затоа решив да не легитимирам циркус, изјави Арбен Фетаи.

Вели дека не тргнале по Таравари, бидејќи како што наведе, тој одлучил оди во ДУИ.