Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ со жесток одговор до СДСМ: „Вие зборувате за хаос?!“

Откако од СДСМ обвинија дека ВМРО-ДПМНЕ создава хаос во државата, од опозициската…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Откако од СДСМ обвинија дека ВМРО-ДПМНЕ создава хаос во државата, од опозициската партија возвратија со остра реакција, обвинувајќи ги дека токму тие ја претвориле државата во руина и дека последиците од нивното владеење сè уште ги чувствува народот.

„СДСМ се дрзна да зборува за хаос?! Тие што ја оставија државата во урнатини?!“, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ, потенцирајќи дека хаосот во Македонија не започнал денес, туку е резултат на долгогодишно криминално, неодговорно и клиентелистичко владеење на СДСМ и нивните коалициски партнери.

Според ВМРО-ДПМНЕ, токму СДСМ е одговорна за претворањето на здравствениот систем во „бункер за тендери“ во време на министерувањето на Филипче, додека, како што велат, јавниот долг пораснал за над 3 милијарди евра – без реализација на клучни проекти. Обвинуваат и за тешки безбедносни пропусти, економски колапс, масовна емиграција и корупција на сите нивоа.

Реклама

„Се сликавте со кокаин-кумови, додека улиците беа небезбедни. Ја уништивте економијата, иселивте 260.000 луѓе, ги заглавивте општините во долгови. И денес, без грам срам – зборувате за хаос?“, реагира ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата обвинуваат дека во отсуство на сериозно лидерство, викенд-соопштенијата на СДСМ ги пишуваат млади и неинформирани активисти со симпатии кон ликот и делото на Заев и Филипче.

„Нека се соочат со реалноста“, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ, обвинувајќи ги поранешните владејачки структури дека ја довеле државата до работ на банкрот, ја потопиле во корупција и ја претвориле во синоним за безредие.

Во реакцијата се посочува и трагедијата со модуларната болница, мито за извод од родени, инфлацијата, како и масовната сиромаштија што ја зафатила населението – како дел од „вистинското лице“ на владеењето на СДСМ.

На крајот, од ВМРО-ДПМНЕ ја споменуваат и европската агенда, оценувајќи дека францускиот предлог бил „заверен“ од Бујар Османи, додека СДСМ, како што тврдат, ја изгубила самостојноста и одлучувањето ѝ го препуштила на ДУИ.