Реклама

Мегафоните подготвени, слоганот напишан, грантот добиен: Невладиниот сектор го киднапира јавниот простор

Едносменската настава ги дава првичните резултати – поодморени деца, помала потрошувачка на струја во училиштата

Секој втор возрасен пуши, цигарите подостапни иако расте нивната цена

Тази дупка, не е дупка: Лидерот на СДСМ како да паѓа во очај- Венко Филипче индиректно бара од ЕУ да го донесе на власт

По долго одовлекување , СДСМ конечно собра храброст за продолжување на надзорната расправа за „Алта Банка“

Секој трет стан празен, цените напумпани, ќарот огромен: Попустот за становите нема да биде удар врз градежните фирми

Хорор во Крагуевац – ученик пукал кон хигиеничарките

Се тепаат татковци и синови, нападнати се мајки и жени, закани со оружје – Како насилството ни стана секојдневие

Муцунски на министерскиот состанок во Атина, во среда нов самит ЕУ-Западен Балкан

Побрзо до сопствен дом, олеснувања за студентите- граѓаните очекуваат мерките да ги мотивираат младите да останат во Македонија

Извештајот на ЕК во Собрание: Сите гледаат напредок за Македонија, освен Венко Филипче

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Македонија

СДСM должи одговори на македонската јавност, дали Филипче е во Дубаи, каде со Заев ги проверуваат градежните активности на 50 катницата?

СДСM и Венко Филипче ги нема никаде. Молчат и се кријат, не…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСM и Венко Филипче ги нема никаде. Молчат и се кријат, не кажуваат по кој основ Филипче се стекнал со златната виза за Дубаи, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Ама молчењето, криењето и бегањето од суштинските проблеми е одлика на СДСM и Венко Филипче.

Последно појавување во јавноста на Филипче му беше кога, не сакајќи, му се испушти дека поседува златна виза.

Реклама

Мислат дека така ќе се заборават нивните скандали.

Но наша обврска е да потсетуваме и да бараме одговори.

Затоа прашуваме, дали пред седум дена, кога според наши извори, ја напуштил државата преку граничниот премин Богородица, се упатил кон аеродромот во Солун, за од таму со златната виза да лета за Дубаи?

Исто така, дали Филипче отишол за да сретне со неговиот ментор, кому му се воодушевува и на кого му го чува местото во СДСM, Зоран Заев за да ги проверат до каде се градежните активности на 50 катницата?

Криењето и молкот на Филипче, може да значат само едно, дека нашите поставени тези и прашања се вистинити.

Затоа, Филипче им должи објаснувања на македонската јавноста од каде му се парите, ако е ортак со Заев во бизнисот во Дубаи?

Дали на нелегален начин ги има заработено парите, затоа што така лесно не се заработува сума од над пола милион долари, со чиновничка плата.

За да ги демантира нашите сомнежи за бизниси во Дубаи и потеклото на златната виза, Венко Филипче и СДСM не ја покажаа ниту нострифицираната диплома, која очигледно ја нема, а ниту одговорија со која болница преговарал.

Со секој изминат ден, СДСM и Филипче се повеќе тонат во бездна и покажуваат дека неискреноста, манипулативноста и корупцијата, се темелите на нивното делување.

И додека СДСM глумат загрижени за се и сешто во државата, истовремено во Дубаи Филипче и Заев уживаат и ги трошат украдените народни пари.

СДСM и Филипче се синоним, за неспособност, криминал и корупција, стои во соопштението на партијата.