Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Македонија

Манасиевски: Дали Филипче моментално е во Дубаи, влезен со златната виза заедно со Заев по приватен бизнис?

Откако неколку денови го прашуваме директно на прес-конференции Филипче, за потеклото на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Откако неколку денови го прашуваме директно на прес-конференции Филипче, за потеклото на неговата виза, тој сиве овие денови не бил тука, туку во Дубаи?, изјави Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Венко Филипче вчера далеку од тука, најверојатно уживајќи на грчките плажи или пак на увид на градежни активности на 50катница во Дубаи, заедно со својот партнер и ментор Заев пишуваше фејсбук статуси за памфлетот од Закон за настраданите од Кочани, за кои што морам да потенцирам дека Владата презема дури двојно од мерките кои СДС ги нуди со законот.

Имено, Венко Филипче по информација добиена од свиркачи, на 10.05.2025 е излезен од Македонија на граничниот премин Богородица, одејќи во Грција. Оттука, го прашуваме Филипче, дали е точна информацијата дека од Солунскиот аеродром се упатува кон Дубаи со златната виза? Дали Филипче е во Дубаи на увид со Заев на изградба на 50катница или можеби некој друг бизнис?

Реклама

Македонската јавност заслужува одговор, за тоа каде е Венко Филипче? Затоа ли имавме молк од 5 дена?

Додека тој ужива во украдените пари, лицемерно поднесува Закон за настраданите од Кочани, на којшто не ни присуствува“, потенцира во изјавата Манасиевски.

Филипче е само обичен лицемер, лажго и манипулатор. Филипче и СДС се синоним за криминал, корупција и предавства, додаде Валентин Манасиевски.