Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Македонија

Камбовски: Делегирањето на судијката од Велес ќе ја ублажи состојбата со недостиг на судии во Кочани

Ситуацијата со недостиг на судии во Кочани нема да се реши, а…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ситуацијата со недостиг на судии во Кочани нема да се реши, а со одлуката за делегирање на еден судија ќе се ублажи состојбата, рече претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски по одлуката на денешната седница.

Тој на новинарско прашање поврзано со недостигот на суди во судовите низ државата, посочи дека се работи за вонредни околности кои се наметнале по кочанската трагедија.

-Сметаме дека со овој еден судија барем во овој период додека ние направиме целосна анализа за сите судии во државава, донекаде ќе успее да помогне на колегите коишто работат таму. Сакам да искажам пофални зборови не само за судиите, туку на сите служби и стручни соработници, советници кои што работеа во тој суд, записничари, стварно покажаа едно високо ниво на свесност за ситуацијата во Кочани, рече Камбовски.

Реклама

Во врска со надминување на проблемот со недостиг од судии, тој кажа дека е формирана комисија која што ги анализира сите судови и ќе даде предлози.

– Таа комисија треба да направи проценка каде имаме доволно судии. Од кои области и со какво искусутво ни требаат судии. Очекувам за многу краток дека ќе биде завршена. Верувам дека ќе направиме некои поместувања во судовите, во однос на корегирања на судии. Секаде има потреба меѓутоа каде што е, ајде на речеме ургентно, туку приоритетно, рече Камбовски.

Судскиот совет РМ на денешната седница донесе одлука за времено упатување на судијата Емине Калач од Основниот суд Велес во Основен суд Кочани. Таа во наредните два месеци треба да ја подобри работата на судот во постапување кривичниот оддел на судот, каде има зголемен обем на работа под трагичните случувања во Кочани. За нејзниото делегирање имаше 11 гласаа „за“.

На денешната 522 седница на Судскиот совет на РМ беа донесени и одлуки за разрешување на судии поротници во Апелациски суд Скопје и Основен суд Крива Паланка.

Судскиот совет се прогласи за ненадлежен за одлучување по приговорот на судија Бојана Тоиќ од Основен суд Тетово за измена на годишен распоред за работата на судии.

Во врска со претставката од Љупчо Јорданоски од Прилеп кој не се согласува со пресуда за неговата ќерка донесена во Основен суд Битола. Во претставката како што беше наведено од судијата известител, на адвокатот не му бил дозволен увид во докази. Судскиот совет констатираше дека има пропусти и ј одби како неоснована. Како неосована беше отфрлена и претставката на Ристо Бачев околу постапувањето и одлучувањето на Управен суд по предмет кој тој го водел.

Судијата известител Исамедин Лимани кажа дека има постапката за две претставки за Основен суд Гостивар поднесени од министерството за правда и Владата се бара одговорност на судијата, побара да се направи службена белешка со оглед дека овој предмет во жалбена постапка. Советот одби неколку претставки како неосновани од граѓани кои се жалеа на пресуди и постапување на судовите.